10 навики кои се нехигиенски и ризични за здравјето
Сечење на месо и зеленчук на иста даска
Истражувањата покажуваат дека даската за сечење им 200 пати повеќе бактерии од тоалетна школка, посебно ако е дрвена.
Сечењето на свежо месо може да го зголеми ризикот од салмонела и останати опасни бактерии кои лесно може да се пренесат на зеленчукот, кој термички не се обработува.
Најбезбедно е да користите посебни даски.
Користење на кафемат
Кафематите имаат тешко достапни места за чистење на кои може да се развијат разни видови бактерии, па секогаш побезбедно е индивидуално да си направите кафе во шолја, отколку да го користите групниот кафемат на работа.
Чување на мобилниот телефон во чанта
Во просек, телефоните се 10 пати повалкани од тоалетната школка, па многу е подобро да го изолирате од останатите предмети во чантата.
Подобро е да го носите во џеб, отколку микробите да ги пренесете на сите предмети во негова близина.
Ретко перење на капи, шалови и ракавици
Овие 3 парчиња аксесоари ги переме најретко, а всушност треба да ги переме на секоја недела до две, со оглед на тоа што се во директен контакт со рацете, устата и носот.
Одмрзнување на собна температура
Оставањето на замрзнатата риба, на пример, на собна температура може да развие многу поголем процент на бактерии, отколку ако ја одмрзнувате во фрижидер.
М. Д. | Црнобело