10 навики кои се нехигиенски и ризични за здравјето
Можеби ќе се изненадите, но многу од навиките кои со години ги повторувате бидејќи ги сметате за здрави или безбедни – се всушност сосема спротивното, ризични за здравјето.
Поточно, еве за што зборуваме:
Ги потопувате садовите во мијалникот
Ова е најлесниот начин за да се размножат бактериите насобрани од остатоците од храната.
Ги миете рацете исклучиво со жешка вода
Истражувањата докажаа дека температурата на водата не е толку важна, колку што е важно времетраењето. Па, наместо да ги проплакнете рацете на брзина за 5 секунди, одвојте 30-тина секунди за добро триење со сапун.
Не користете жешка вода која може да го оштети заштитниот слој на кожата и да предизвика иритации.
Вежбате без да ја отстраните шминката
Во брзање, на секоја девојка и жена и се има случено да отиде во теретана со шминка. Но, заборавате дека за време на вежбањето порите треба да се отворат и исчистат преку потењето, а не да ги задушувате со шминка.
Краен резултат може да биде нечиста кожа склона на акни.
Сушење на рацете под апаратче со топол воздух
За ова многупати досега имате слушнато, но вреди да повторите. Апаратчињата кои дуваат топол воздух само ги разнесуваат бактериите наоколу, а поголемиот процент од нив ги вдишувате додека ги сушите рацете.
Секогаш попаметна опција е хартијата за бришење.
Користење на истата торба за пазарување повеќепати
На површината на храната и пакувањата се наоѓаат бактерии кои само ќе ги пренесувате доколку користите иста торба за пазарување повеќепати. Најпаметен избор се хартиените кеси за една употреба.