Џиџи Хадид отворено за нејзината здравствена состојба: Што треба да знаете за Хашимотов тироидитис?
Џиџи Хадид има изјавено дека го сака нејзиното тело, но сепак таа многу често се соочува со негативни коментари и многумина ја критикуваат за тоа што е преслаба, но и за тоа што некогаш била „презаоблена“.
Моделот добро се справува со сите негативни критики, но овојпат се огласи на социјалните мрежи на оваа тема.
22-годишната Џиџи призна дека нејзиното тело се променило откако почнала да се занимава со манекенство, на 17-годишна возраст, кога ѝ било дијагностицирано Хашимотово заболување.
https://twitter.com/GiGiHadid/status/962814124479696897?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.thisisinsider.com%2Fdoes-gigi-hadid-have-hashimotos-disease-what-is-it-2016-12
Таа открива дека во последните неколку години се лекува со цел да ги намали симптомите како замор, проблеми со метаболизмот, задржување топлина на телото и слично и да го балансира нивото на тироидата.
https://twitter.com/GiGiHadid/status/962814160596881410?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.thisisinsider.com%2Fdoes-gigi-hadid-have-hashimotos-disease-what-is-it-2016-12
Хадид исто така возврати и на коментарите дека користела екстремна диета или можеби наркотици за да остане слаба.
Вели дека секогаш јаде исто, но сега нејзиното тело се справува со тоа на различен начин.
„Можеби сум преслаба за вас, искрено не сакам да бидам толку слаба, но се чувствувам здраво внатрешно.“
https://twitter.com/GiGiHadid/status/962814193572466688?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.thisisinsider.com%2Fdoes-gigi-hadid-have-hashimotos-disease-what-is-it-2016-12
Моделот всушност за првпат се отвори за болеста во 2016-та на панел дискусија, но сега го сподели тоа со сите на нејзиниот Твитер профил.
Оваа здравствена состојба е многу распространета кај луѓето, а помеѓу славните со истата се соочуваат и Зои Салдана, Ким Катрал, Џина Родригез и други.
Што треба да знаете за Хашимотов тироидитис?
Хашимотов тироидитис е автоимуно заболување, што значи дека имунолошкиот систем ја напаѓа штитната жлезда.
Имунолошкиот систем создава антитела кои поточно ја напаѓаат тироидната жлезда, која има големо значење за нашето здравје.
Симптоми:
Хашимотовиот тироидитис обично напредува бавно низ годините. Можно е тироидната жлезда да престане да работи правилно и да не излачува доволно хормони кои вообичаено би требало.
Ова создава голем број непријатни симптоми, вклучувајќи замор, зголемена сензитивност на студ, запек, бледа кожа, губење на коса, подуеност на лицето, болка и ослабеност на мускулите, долги и тешки циклуси, депресија и проблеми со меморијата.
Сепак, симптомите не се доволни за дијагноза, туку докторите треба да направат дополнителни испитувања на крвта за да ја измерат функцијата на тироидната жлезда.
Како се третира?
Ова заболување се лекува со хормонска терапија која го одржува нивото на тироидните хормони во нормала. Најчесто, оваа терапија се зема до крајот на животот со цел да се контролира состојбата постојано.
М. М. | Црнобело