Женско здравје: 6 симптоми кои може да укажуваат на проблем со јајниците
Голем проблем со компликациите поврзани со јајниците е што дијагнозата тешко се поставува, бидејќи симптомите се специфични и лесно може да се игнорираат со месеци, па и години.
Ова се дел од симптомите кои може да укажуваат на здравствен проблем поврзан со функцијата на јајниците и не треба да ги игнорирате:
1. Подуеност – доколку стомакот ви изгледа подуено дури и кога не сте најадени или наполнети со течност, и тоа трае со денови, задолжително проверете ја состојбата.
2. Болки во стомак и карлицата – острата болка во пределот на карлицата и абдоменот исто така е знак кој ви покажува дека што поскоро треба да одите на гинеколошки преглед.
3. Слаб апетит – чувството на ситост иако ништо не сте јаделе во никој случај не е добро.
4. Често мокрење – нагонот за често мокрење, понекогаш и до 3-4 пати во рок од 1 час, може да биде знак дека нешто чудно се случува со јајниците.
5. Претерано вагинално крварење – крварењето вон менструалниот циклус е загрижувачки знак кој може да укажува на рак на јајници. Задолжително проверете ја состојбата.
6. Болки во грбот, замор, губење на тежина – болките и наглото слабеење никогаш не се добар знак, а покрај тоа што се симптом на лошо општо здравје, може да бидат знак и на проблем конкретно со јајниците.
М. Д. | Црнобело