За вечно млада кожа: Што да јадете за да ги зголемите ефектите од колагенот?

Најверојатно досега веќе сте слушнале за силниот протеин наречен колаген со оглед на неговата популарност.

Koja-hrana-treba-da-ja-konsumirate-za-zgolemuvanje-na-efektite-od-kolagenot-01.jpg

Состојката која е нераскинлив дел од светот на здравата исхрана ќе направи да изгледате како 20-годишник и истовремено ќе го забрза вашиот дигестивен систем.

Без разлика дали ќе се решите да се фокусирате кон исхрана богата со колаген (на пример: бујон од коски, риба и месо од тревопасни животни) или ќе се решите за суплементи, секако му правите услуга на вашето тело.

Но, кој тип на храна ќе го зголеми ефектот на колагенот? Прочитајте нешто повеќе со каква храна треба да го комбинирате за максимален ефект:

Храна богата со витамин Ц

Сите експерти се сложуваат дека колагенот треба да се консумира заедно со храна богата со витамин Ц, како што се лимонот, цитронот, пиперките и брокулата. Клиничките студии покажуваат дека храната богата со антиоксиданти му дава на колагенот подобри резултати.

Оваа храна помага да се регулираат ензимите коишто го формираат колагенот. Витаминот Ц ја зголемува продукцијата на колаген во вашето тело, а тоа помага во подобрување на кожната бариера и заздравување на раните.

Медицински печурки

Адаптогените печурки како што се реиши печурките, лавовската грива и кордицепс може да помогнат во намалувањето на стресот, но имаат и уште еден неочекуван бенефит, а тоа е дека тие содржат протеогликан, којшто го поддржува производството на колаген.

Медицинските печурки помагаат во комуникацијата помеѓу клетките и помагаат да се одржува ниското ниво на кортизолот, коешто пак го забавува разложувањето на колагенот во нашето тело.

Доколку немате пристап до овие медицински печурки, можете да ги замените со шитаке печурки, коишто се полесни да се набават и исто така имаат позитивен ефект врз зголемување на колагенот.

Куркума

Има ли нешто за што куркумата не е добра? Овој моќен борец против воспаленија исто така придонесува кон производството на клетки (што е и главната работа на колагенот).

Покрај куркумин, куркумата во себе има и состојки коишто се наречени турмерони коишто му помагаат на телото да го регенерира ткивото и да произведува матични клетки.

Матичните клетките и колагенот имаат слична улога – да го поправаат ткивото и да ги регенерираат клетките во телото. Затоа, често пати она што им помага на матичните клетките да работат подобро, му помага и на колагенот.

Цвекло

Студиите покажуваат дека цвеклото е одлична храна за спортистите бидејќи му помага на телото да го дистрибуира кислородот до повеќе мускули.

Ова помага и во производството на колаген во телото, бидејќи цвеклото го зголемува NO2 натриум оксидатот и создава средина каде што телото може да го регенерира ткивото и да создава ново. Кога дел од телото нема доволно циркулација на крв, тогаш тој дел не креира нови клетки.

Ниту една здрава храна поединечно нема да му помогне на вашето тело сама по себе.

Здравата храна функционира заедно и меѓу себе се надополнува. 

Сите овие состојки што ги набројавме имаат поединечно позитивно влијание, исто така како што и колагенот има свое влијание сам по себе.

Но, заедно тие прават моќна комбинација којашто одлично функционира.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg