Сигнали кои телото ги испраќа кога нешто не е во ред, а се манифестираат на лицето

Понекогаш, нашата кожа покажува многу повеќе отколку што ние мислиме.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-01.jpg

Телото секогаш испраќа сигнали кога нешто не е во ред во внатрешноста, па доволно е само да се погледнете и да знаете што се случува.

Има одредени проблеми кои можете да ги препознаете преку вашето лицето.

Па, доколку ви се појавуваат некои од следниве симптоми на лицето, дознајте во што е суштинскиот проблем:

Темни кругови под очите

Ова често може да биде и наследно, но други најчести причини се недостаток на сон, пушење, хормонални промени, алергии, кафе или солена храна.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-02.jpg

Акни на челото

Овој проблем често се појавува кај оние кои имаат шишки, но и кај девојките кои не ја вадат редовно шминката. Исто така, кожата на челото е поврзана со дигестивниот систем, па масната, брза и нездрава храна може да направи промени на лицето.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-03.jpg

Жолтеникава боја на лицето и на очите

Ова се случува кога во телото се насобира премногу вишок кој треба да се исфрли. Ова обично се појавува кај новородените деца заради недоволно добрата работа на црниот дроб, а кај возрасните можно е да се појави заради претерано консумирање на алкохол.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-04.jpg

Ненадејна појава на бенки и белези

Во повеќето случаи, не треба да се грижите, но проверете неколку работи. Дали формата е иста од секоја страна, дали бојата е нееднаква, дали се менува со тек на време?

Ако одговорот е да, посоветувајте се со доктор.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-05.jpg

Лупење на кожата околу носот и устата

Промените на кожата во овој дел може да биде резултат на многу работи, меѓу кои најважна, недостатокот на витамин А, Ц, Е или Б.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-06.jpg

Зголемено ниво на влакна на лицето

Кај некои ова е наследно, но кај некои жени, ова може да значи дека јајниците не функционираат правилно.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto-07.jpg

Акни и осип на брадата или промена на бојата

Брадата е најчесто поврзана со хормоните, па секоја хормонална промена предизвикува осип на овој предел. Исто така, недостатокот на сон и брзата храна може да биде причина за овој проблем.

signali-koi-teloto-gi-isprakja-koga-neshto-ne-e-vo-red-a-se-manifestiraat-na-liceto08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg