Претеравте со кафеани? 6 знаци дека црниот дроб не ви го поднесува празничното темпо

Секој ден веселби до раните утрински часови? Данокот мора да се плати!

preteravte-so-kafeani-6-znaci-deka-crniot-drob-ne-vi-go-podnesuva-praznichnoto-tempo-01.jpg

Декември е навистина „напорен“ месец, секој ден кафеани, дома вкусни специјалитети, па кој може да одолее на празничната еуфорија во последниот месец од годината?

Но, алкохолот и масната храна влијаат на вашето тело во голема мера, а особено преку активноста на црниот дроб.

Намалената активност на црниот дроб води кон наталожување на токсините во тело. Тие се складираат во масните ткива и чекаат црниот дроб да се врати во стабилна состојба и безбедно да ги отстрани од телото.

Симптоми кои покажуваат дека црниот дроб не може да се справи со празничното темпо:

Влијае на мозокот

Поради преоптовареноста црниот дроб сопира со филтрирање на крвта и акумулираните токсини има шанса да дојдат до вашиот мозок. Тогаш се појавуваат симптоми како:

- неконцентрираност,

- губење на меморија,

- потешкотии во донесувањето одлуки,

- намалување на шеќерот во крвта бидејќи црниот дроб е одговорен за стабилното ниво на шеќер во крвта, па кога е преоптоварен, нивото на шеќер паѓа. Како резултат на тоа, станувате раздразливи, збунети и имате недостиг на енергија.

preteravte-so-kafeani-6-znaci-deka-crniot-drob-ne-vi-go-podnesuva-praznichnoto-tempo-02.jpg

Хормонален дисбаланс

Многу важна улога на црниот дроб е регулирањето на секс хормоните. Лошата состојба на овој орган води до дисбаланс на хормоните, што може да доведе до проблеми како:

- намалено либидо,

- влошени симптоми во ПМС (предменструален синдром).

preteravte-so-kafeani-6-znaci-deka-crniot-drob-ne-vi-go-podnesuva-praznichnoto-tempo-03.jpg

Промени во расположението

Ако токсините дојдат до вашиот мозок, тоа нема да влијае само на меморијата, туку и на вашето расположение. Се јавуваат проблеми како:

- зголемена анксиозност,

- депресија.

Но, пред да се фрлите на седативи, задолжително прво консултирајте се со доктор.

preteravte-so-kafeani-6-znaci-deka-crniot-drob-ne-vi-go-podnesuva-praznichnoto-tempo-04.jpg

Проблеми со имунитетот

Црниот дроб игра важна улога во имунитетот, па ако не е во добра форма, тогаш сте склони кон настинки и вирусни инфекции, поради намалената можност вашето тело да се бори со бактериите и вирусите.

preteravte-so-kafeani-6-znaci-deka-crniot-drob-ne-vi-go-podnesuva-praznichnoto-tempo-05.jpeg

Апанеа во сон

Апанеа во сон е престанок на дишењето во сон, односно има периоди кога во текот на сонот личноста дише и периоди кога не дише. Престанокот важи за повеќе од 10 секунди.

Во тешки случаи може да достигне 2-3 минути и да зафаќа повеќе од половина од вкупното време на ноќен сон. Еден од симптомите на апнеа е ‘рчењето.

Ако ви се појави ваква состојба, тогаш најверојатно вашиот црн дроб е виновникот.

Најдобриот начин за подобрување на состојбата на црниот дроб е да внимавате што внесувате во вашето тело. Намалете со алкохол и газирани пијалаци, јадете зелени салати, лук, кромид и јајца и сè правете со мерка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg