11 правила на здравата исхрана кои треба да ги заборавите

Мит: Сушеното овошје е најдобра ужинка

Процесот на сушење овошје предизвикува губење на дури 80% од витамините и антиоксидантите кои ги поседува тоа.

Подобро е да каснете парче свежо овошје, отколку сушено.

Некои производители додеваат и сладок сируп, шеќер и конзерванси за да го продолжат нивниот рок на употреба, што ги прави уште поопасни за консумирање.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (7).jpg

Мит: Пуканките се нездрави грицки

Пуканките кои ќе ги зготвите на топол воздух и ќе ги лишите од путер и сол се една од најздравите грицки кои може да ви го заситат гладот.

Шолја пуканки содржи скоро двојно повеќе антиоксиданти, односно полифеноли за разлика од овошјето и зеленчукот. Пуканките содржат и многу растителни влакна, кои се одлични за здравјето.

Сепак, не претерувајте ниту со нивното јадење и секогаш ограничете се на помала количина.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (6).jpg

Мит: Сирењето и кашкавалот ни се најголеми непријатели за време на диета

Нсоките во поголемиот дел од диетите упатуваат дека треба да заборавите на сирењето и кашкавалот, бидејќи содржат многу калории и масти.

Сепак, може да си дозволите помало парче сирење бидејќи е здраво и содржи многу повеќе калциум за разлика од другите производи.

Тоа, исто така, содржи линолеинска киселина со чија помош полесно се акумулираат мастите и помага во побрзо губење на килограмите.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (5).jpg

Мит: Секоја количина на алкохол е штетна по здравјето

Еден од најголемите митови е дека алкохолот треба целосно да се избрише од листата на пијалаци кои ги консумираме.

Вистината е дека црвеното вино, на пример, содржи многу полифеноли кои им даваат поддршка на крвните садови. Сепак, држете се до правилото од само една чаша.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (4).jpg

Мит: Здравите масла го подобруваат вкусот на секое јадење

Кокосово масло, масло од тиква, ленено масло… сите овие здрави масла се дел од секојдневната исхрана на многу луѓе кои внимаваат на здравјето.

Многумина ги додаваат за време на готвењето, а не се свесни за сите факти. Имено, кога лененото масло ќе се загрее до одредена температура тоа може да стане и отровно, поради огромната количина на незаситени масни киселини.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (3).jpg

Мит: Производите со ниска масленост се поздрави

Во обидот да изгубите поголем број на килограми, некои луѓе се ограничуваат само на производи со ниска масленост.

Но, вистината е дека тие содржат многу повеќе калории отколку регуларните продукти.

Размислете, доколку се ослободите од маснотиите, кои му даваат вкус на јадењето, истите треба да ги замените со нешто (најчесто се додава шеќер како засилувач на вкусот).

Воедно, лишени се од многу витамини и други корисни минерали, со цел да ги направат fat free.

11-pravila-na-zdravata-ishrana-koi-treba-da-gi-zaboravime (1).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg