11 правила на здравата исхрана кои треба да ги заборавите
Некои одамна утврдени правила поврзани со здравата исхрана се покажуваат како сосема невистинити.
Ние сме навикнале да ги слушаме толку долго, што тешко ни е да поверуваме дека пуканките се здрава ужина или пак не секое масло за јадење може да се користи и за готвење и е корисно за организмот.
Сепак, нутриционистите упатуваат дека работите се менуваат како резултат на бројните истражувања, а ова се само неколку митови за здравата исхрана во кои треба да престанеме да веруваме:
Мит: Јаболковиот сок е поздрав од газираните пијалаци
Всушност, верувале или не, иако се работи за истата количина на јаболков сок и безалкохолен газиран напиток, сокот од јаболко има повеќе калории.
Доколку внимавате на својот изглед и исхраната, најдобро е да ги исфрлите сите вакви сокови и да се сконцентрирате на пиење обична вода.
Мит: Суровиот зеленчук е поздрав од зготвениот
Вистината е дека некои видови зеленчук кои се малку сварени или зготвени на пареа се поздрави од суровиот зеленчук.
На пример, сварените моркови содржат повеќе каротеноиди, додека доматите на пареа ослободуваат повеќе ликопен, што е одлично за здравјето.
Сепак, не ја ограничувајте исхраната само на обарен или зеленчук на пареа, односно внесувајте зеленчуци во секаква зготвена форма.
Мит: Може да јадете суши дури и кога сте на диета
Многумина веруваат дека со порачувањето на овие егзотични ролнички ќе го избегнат дополнителниот број на јаглехидрати во дневниот внес на калории.
Всушност, сушито содржи повеќе јаглехидрати отколку хамбургерот, односно 60 gr ЈХ наспрема 37 gr ЈХ.
Мит: Соја сосот е здрава замена за сол
Нутриционистите советуваат дека не треба да користите соја сос во замена за нормална сол.
Секое јадење коешто е „зачинето“ со соја сос ќе предизвика да внесете многу повеќе од дневната препорачана количина сол во организмот.
Мит: Засладувајте со мед наместо со шеќер
Медот е секако поздрава варијанта од обичниот бел шеќер, но кога претерувате со употреба на истиот нема да забележите промена во вашата тежина.
Имено, содржи дури и малку повеќе калории од обичниот шеќер.