Симптоми кои укажуваат на хормонален дисбаланс, а секоја жена треба да ги знае
Во нашето тело, многу важни процеси се контролирани од хормоните. Затоа, кога од некои причини, нивната работа е попречена, тоа влијае на нашето расположение, однесување, општо здравје, како и на изгледот.
Но, како да познаете дека проблемот е во хормоните и во кои од нив поточно?
Дознајте кои се главните знаци на хормонален дисбаланс кои најчесто се појавуваат, а потоа, доколку ги забележите, консултирајте се со медицинско лице.
Појава на акни
Акните и црнките може да се појават и заради вообичаено запушување на порите, но многу често се поврзани и со хормонални промени во телото, па доколку забележувате често појаавување, добро е да ги испитате хормоните.
Чести главоболки
Ендокринолозите велат дека честите главоболки, заедно со стресот и заморот можат да се појават заради намалено ниво на естроген.
Честа несоница
Инсомниата е алармантен знак кој може да се поврзе со недостаток на хормот прогестерон. Специјалист за сон вели дека прогестеронот е природен релаксант кој смирува и тера на спиење, па затоа кога нивото му е намалето предизвикува проблеми со спиењето.
Зголемено потење
Ова е еден од очигледните знаци дека нешто не е во ред со хормоните, бидејќи тие ја контролираат температурата на телото.
Симптомот е карактеристичен и пред и по менопауза, кога нивото на хормоните е нестабилно.
Постојан замор
Сите се преморувате одвреме-навреме, но ако постојано чувствувате замор и истоштеност, тоа е знак на хормонален дисбаланс, кој најчесто е поврзан со тироидните хормони.
Нагла промена во тежината
Со хормоналните проблеми, телото може да накачи тежина без разлика на тоа каква храна јаде и дали воопшто јаде. Недостатокот или вишокот на лачење на некои хормони предизвикува телото брзо да таложи масто и да губи мускулна маса.
Опаѓање на косата
Зголеменото паѓање на косата може да биде предизвикано од проблеми со тироидните хормони, инсулинот или тестостерон.
Неконтролирани „напади“ на глад
Во нашето тело има многу хормони одговорни за апетитот и гладот, па дисбалансот може да предизвика неконтролиран глад.
Заборавеност
Постојаното заборавање и отсутност со паметот може да биде предизвикано од различни фактори, вклучувајки го и дисбалансот на хормоните, заради низок естроген и кортизол.
М. М. | Црнобело