10 знаци кои покажуваат дека вашето тело страда од стрес
Губење коса
Научниците дошле до заклучок дека стресот може да предизвика делумна или целосна ќелавост. Па, ако косата долго време ви паѓа и влакното се истенчува, а шампоните и витамините не помагаат, обвинете го стресот.
Главоболки
Главоболката може да биде предизвикана од многу работи, па затоа не може да се знае точната причина во моментот, но ако имате чести главоболки, во комбинација со некои од останатите наведени симптоми, обидете се да се релаксирате и да го опуштите телото, избегнувајќи стресни ситуации некој период.
Намалување на желбата за секс
Човек кој е емоционално истоштен и изложен на стрес, има намалена желба за секс. Овој заклучок е донесен од научници, па затоа во вакви ситуации, не се карајте со партнерот, туку најдете начин да се ослободите од стресот, а најдобар начин за тоа е одморот.
Проблеми со сон
Стресните ситуации може да предизвикаат сериозни нарушувања на сонот, кои може да се претворат во сериозна несоница. Ова е многу непријатна состојба, бидејќи без сон човекот не може да функционира. Ако ништо не ви помага да заспиете, време е да го сфатите стресот сериозно.
Кардиоваскуларни заболувања
Стресот има негативно влијание врз срцето и научниците докажале дека хроничниот стрес е важен ризичен фактор за кардиоваскуларни заболувања.
М. М. | Црнобело