10 знаци кои покажуваат дека вашето тело страда од стрес
Сите понекогаш се чувствуваме омалаксано и изморено и се соочуваме со други проблеми кои ги препишуваме на случајност и си велиме дека се минливи.
Но, доколку нешто ве мачи подолго време, постојано, а не знаете која е причината, тогаш треба сериозно да го сфатите тоа.
Многу често, повеќето работи произлегуваат како резултат на стрес, па добро е да знаете дали тоа е случај и кај вас.
Секако, доколку забележите некои од овие промени, консултирајте се со лекар пред сами да заклучите дека станува збор за реакција од стрес.
Прочитајте кои се симптомите со кои телото ќе ви даде до знаење дека стресот влијае на вашето здравје и обидете се да го избегнувате доколку се соочувате со овие проблеми:
Кожни заболувања
Псоријаза, акни и други проблеми со кожата може да се појават доколку сте под стрес. Научниците спровеле истражување на група студенти кое ја потврдува директната врска помеѓу високото ниво на стрес и кожните проблеми.
Нестабилна тежина
Можеби сте се соочиле со ситуација кога вашата килажа не можете никако да ја стабилизирате. Доколку стрес хормонот кортизол е застапен со високо ниво, телото ќе лачи помалку тестостерон и телото ќе гори помалку калории, па така постојано ќе се дебелеете.
Кај некои пак, стресот и емоционалните искуства, влијаат спротивно и тие се многу слаби. Врз ова влијае зголемениот адреналин во крвта кој го забрзува метаболизмот, но ги намалува масните киселини.
Доколку се соочувате со нестабилна тежина, обидете се да го намалите стресот и да видите како телото ќе реагира.
Чести настинки
За време на стресот кој го претрпува телото, кортизолот се лачи, а тоа ги потиснува воспаленијата. Но, ако телото хронично претрпува стрес, имунолошкиот систем станува помалку чувствителен на кортизол и ова ги зголемува воспаленијата, а телото станува поранливо и склоно кон настинки.
Гастроинтестинални нарушувања
Научно е докажано дека стресот негативно влијае на гастроинтестиначниот тракт и понекогаш дури ниту лекарставатане помагаат за болката. Во такви случаи, обидете се да се смирите и да го намалите стресот ако сакате да си го зачувате здравјето.
Невнимание и замор
Личност која е подолго време изложена на стрес има потешкотии при фокусирањето и завршувањето задачи. Ако забележите дека почнувате со умот да станувате отсутни во некои ситуации, подобро е да го забавите темпото на живот и да си земете одмор, избегнувајќи стрес и нервози.