8 симптоми на скриената депресија
Чуден изглед
Лошата ментална состојба по правило се рефлектира на изгледот. Ако личноста престане да се грижи за себе, ги запоставува правилата на хигиена и не одржува ред во домот, размислете дали е добро.
Се разбира, ова се однесува на луѓето кои претходно обрнувале внимание на овие работи.
Опсесивни мисли
Во состојба на депресија на личноста постојано ѝ се врти една иста мисла низ главата. Таа мисли дека на овој начин бара одговори на нејзините прашања, но опсесивните мисли не може да ѝ го решат проблемот, туку само креираат илузија на пронаоѓање излез од ситуацијата.
Лесно можете да забележите дали некоја ваша блиска личност е опседната со некоја мисла. По правило, таа е замислена и секој ден говори на истата тема без да се обиде да ги претвори зборовите во акција. Сето тоа носи апатија и стрес.
Промена на темпото на работа
Ако личноста престане да ги извршува стандардните дневни обврски на работното место, започне да заборава информации, постојано се жали на умор и некако ништо ѝ нема смисла, тогаш време е за црвена тревога.
Исто така, постои и ситуации каде претходно не многу активни луѓе се претвораат во зависници од работата и почнуваат да се гордеат со своите достигнувања и да го претрупуваат распоредот. Тие се обидуваат да избегаат од емоциите и да му дадат смисла на својот живот.
Претерана радост
Маскирањето на депресијата со одглумена среќа е феномен што не е редок. Луѓето кои се емоционално најрастроени понекогаш изгледаат најсреќно и најбезгрижно на јавните појавувања. Тие ги избегнуваат сериозните разговори и се шегуваат на тешките теми.
За да откриете таква личност треба да стапите во личен контакт со неа на некоја интимна тема.
СОВЕТ:
Ако забележите симптоми на депресија кај некој од вашите сакани, разговарајте со него за неговото здравје и понудете му помош. Ако не сака да комуницира на темата, оставете го малку на мир и набљудувајте ја неговата состојба.
Не го исмејувајте неговиот проблем и советите како „престани да се грижиш, разведри се, релаксирај се“ запомнете дека не вршат работа во ваква ситуација.
Помагајте му со малите секојдневни работи за кои депресијата не му остава сила. Бидете внимателни кон него затоа што дури и да собере сила за насмевка кој знае какви големи проблеми може да му се кријат во главата. И, се разбира, консултирајте доктор за совет.
С. С. | Црнобело