14 корисни придобивки од консумирањето и употребата на ѓумбирот

Најверојатно секој од вас го знае карактеристично извитканиот корен од ѓумбир и нема некоја точна идеја за што всушност се користи.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir-01.jpg

Сепак, практичната медицинска улога на ѓумбирот се знае уште од антички времиња. Тој е извор на витамини, микронутриенти и есенцијални масла коишто имаат зајакнувачка, подобрувачка и анти-воспалителна улога за човековото тело.

Дознајте неколку корисни рецепти и совети поврзани со ѓумбирот коишто ќе го зајакнат вашето здравје и ќе ја зачуваат вашата природна убавина.

Имајте предвид дека:

  • Не треба да го користите ѓумбирот доколку имате проблеми со срцето или џигерот, доколку вашата телесна температура е покачена или вашата мукозна мембрана е оштетена. Не користете ѓумбир доколку имате крвавење или сте во 2-то или 3-то тромесечје од бременоста.
  • Ѓумбирот е корисен и сушен и свеж, а неговите есенцијални масла се многу корисни. Можете да го користите како додаток за јадења, печива и пијалоци.
  • Проверете дали сте алергични на ѓумбир пред да нанесете маска со екстракт од ѓумбир: Нанесете малку од смесата на вашиот лакт.

Ѓумбирот се бори против целулитот

Пилинг со ѓумбир помага да се загрее кожата и да се подобри циркулацијата. Исто така ги отстранува отоците и спречува формирање на нов целулит.

Измешајте 1 супена лажица сув ѓумбир во прав со половина литар сок од ѓумбир. Додајте една до една и половина чаша морска сол. Ставете ја оваа смеса на сунѓерот и користете го на проблематичните зони.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (14).jpg

Го забрзува метаболизмот и ја елиминира гадењето

Доколку имате проблеми со варењето или патите од морска болест или гадење за време на бременост, можете да џвакате ѓумбир или да додадете свеж ѓумбир во вашиот чај.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (13).jpg

Ги зајакнува ноктите и им помага да растат

Растопете 1-2 супени лажици шеа путер. Додадете 1-2 супени лажици масло од авокадо, 3-5 капки есенцијално масло од пачули, 3-5 капки есенцијално масло од ѓумбир и 5-7 капки есенцијално лимоново масло. 

Измешајте ги состојките и ставете ја смесата во чиста сува тегла. Мешавината можете да ја користите како маска или во комбинација со крем за раце.

Забелешка: Оваа мешавина може да предизвика алергии, затоа бидете внимателни.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (12).jpg

Го зајакнува имунитетот

Благодарение на големата концентрација на аскорбинска киселина, витамините А и Б, цинк, калциум, јод, природни антибиотици и антимикотици, ѓумбирот го зајакнува нашето тело и ја зголемува нашата отпорност на разни болести.

Додадете 1 супена лажица сушен ѓумбир во прав на 250 ml црн или зелен чај.

Сомелете 2-4 лимона и 400 gr свеж ѓумбир и потопете ги во 250 g мед. Консумирајте по една супена лажица наутро пред оброк, за време на сезоната на грип.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (11).jpg

Ја намалува болката

Ѓумбирот се бори со воспалителните процеси и болки, вклучувајќи ја и болката во мускулите по напорно вежбање, менструалните болки и артритисот. Направете тинктура од ѓумбир, куркума, сок од 2 лимона, 1 супена лажица мед и вода.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (10).jpg

Ја стимулира работата на мозокот

Консумирањето ѓумбир го забавува стареењето и умирањето на мозочните клетки и создава отпорност кон невродегенеративни болести како што се Алцхајмер и Паркинсон. 

Дополнително, коренот од ѓумбир ги подобрува когнитивните способности и ја одржува меморијата.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (2).jpg

Се бори со процесот на стареење

Ѓумбирот содржи многу антиоксиданти, го забрзува процесот на обновување на клетките во телото и ги уништува слободните радикали и токсини.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (9).jpg

Помага при намалување на телесната тежина

Ѓумбирот содржи многу елементи за „согорување“, го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Додадете свеж ѓумбир на својот прв и втор оброк во денот и сушен ѓумбир во прав на вашите пијалоци. 

Доколку пиете чај со ѓумбир 30 минути пред оброците, ќе изедете помалку храна. Исто така, може да пиете и по една чаша кефир (јогурт) со сув ѓумбир во прав, цимет и малку бибер.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (8).jpg

Природен афродизијак

Ѓумбирот се спомнува во Камасутра и според некои легенди може да ја разгори страста во врската. Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата на крвта, помага да се разбудат хормоните и ја зголемува чувствителноста.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (7).jpg

Убава сјајна кожа

Измешајте еднакви делови сув ѓумбир во прав, мед и лимонов сок за да ја подмладите вашата кожа и да направите таа да сјае. Нанесете ја оваа маска и оставете да отстои на вашето лице 30 минути.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (6).jpg

Анти-канцер ефект

Некои елементи во ѓумбирот се способни да развијат отпорност кон тумори и да ја подобрат состојбата на човекот при хемотерапија.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (5).jpg

Помага да се ослободите од акни

Измешајте 1 супена лажица сув ѓумбир во прав и една супена лажица јаболков оцет. Нанесете го ова на секоја акна за да ги намалите воспалението и црвенилото.

Измешајте 1 супена лажица сув ѓумбир во прав, 1 супена лажица мед и малку млеко. Нанесете го ова на вашето лице и оставете го да отстои 10-15 минути пред да се измиете.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (4).jpg

Ја нормализира состојбата на крвта

Според некои истражувања, редовното консумирање на ѓумбир може да го нормализира нивото на холестерол и нивото на шеќер во крвта. Исто така, може да го намали и ризикот од потенцијални компликации. 

Дополнително, ѓумбир помага во спречување на создавање на грутки во крвта и со справување со високиот крвен притисок. Сварете малку ѓумбир со стапче цимет, оставете го да се излади и пијте го 2-3 пати на ден.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (3).jpg

Го стимулира растот на косата и спречува опаѓање на косата и првут

Ѓумбирот овозможува подобра циркулација на крвта во скалпот, го снабдува коренот на косата со хранливи состојки и го стимулира растот на косата.

Маска за зајакнување на косата: Измешајте сув ѓумбир во прав и масло од јојоба и масирајте го во косата и кожата. По 30 минути измијте ја косата.

Стимулација на растот на косата: Натопете сув ѓумбир во прав и лук во вода и оставете да отстои. Додадете маслиново масло или кокосово масло на оваа тинктура и масирајте го во косата и корените на косата.

Маска против првут: Измешајте 2 лажици свежо нарендан ѓумбир и 3 лажици маслиново или сусамово масло. Нанесете го на скалпот и оставете да отстои 15-25 минути. Користете го 2 пати неделно.

14-korisni-pridobivki-od-konsumiranjeto-gjumbir (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg