7 неочекувани придобивки од гледањето порно филмови
Со гледањето порно филмови ќе научите нови потези, ќе се ослободите од стресот и добро ќе се забавувате.
Зад затворени врати повеќето луѓе најмалку еднаш пуштиле да изгледаат некој порно филм.
Многумина ја посочуваат оваа навика како причина за уништување на сексуалната желба, па дури и зголемување на стапката на развод кај брачните партнери.
Но, многу истражувања пак посочуваат на придобивките од гледањето порно филмови:
Здраво е
Дански експерти спроведоа истражување на 688 луѓе и открија дека порно филмовите се врзуваат со поголема сексуална сатисфакција и други здравствени придобивки.
Од друга страна, негативните коментари од типот дека порно филмовите создаваат зависност сè уште не се докажани.
Понекогаш е подобро, дури и од реалниот секс
Порнографијата не е замена за реалниот секс, но тој е одличен за вашите фантазии, кои можеби не сте во можност да ги реализирате во реалниот живот.
Редовната мастурбација ве прави подобри сексуални партнери, тврдат експертите.
Ослободува од стресот
Животот е стресен, па понекогаш дури и кога имате секс размислувате и загрижени сте дали го правите тоа добро.
Но кога мастурбирате додека гледате порно филм се чувствувате сосема смирено и без ниту една грижа на умот.
Забавно е
Иако многу луѓе нема да се согласат, квалитетната порнографија е уметност. Потребна е приказна и естетика.
Но ако некогаш одвоите време за читање на коментарите под порно филмовите, одлично ќе се забавувате и слатко ќе се насмеете.
За да се најдете себеси, прво треба да се изгубите
Ако не знаете какви работи постојат, какви секс пози, различни методи и сексуални практики за задоволување, како тогаш ќе одлучите што сакате?
За да не го поминете остатокот од животот мисионерската поза, изгледајте некој порно филм и разбудете го својот истражувачки дух.
Може да ја намали агресивноста
Колку пати некој ви пресекол пат или колега ви го расипал денот? Да бидете полни со бес навистина не е добар начин да се минува секојдневието.
Истражувањата покажуваат дека гледањето порно филмови и мастурбацијата ја намалуваат агресивноста.
Ја подобрува врската
Многу двојки не зборуваат отворено за нивните сексуални желби. Дури и кога се блиски ја избегнуваат оваа тема за да не бидат сфатени погрешно.
Гледањето порно филмови заедно ќе ви помогне да ги откриете сексуалните желби на партнерот и да се чувствувате поблиски со него од кога било.
С. С. | Црнобело