Не заборавајте - течности!
Летото знае да биде мошне исцрпувачки период за нас и нашето здравје. Важно е да се внесува соодветна количина течности. Со правилна...
...доза вода може лесно да ги преживеете топлите и спарни летни денови.
1. Минимум 1.5 до 2 литри течност во текот на денот. Експертите нагласуваат дека тоа е просечната количина течности која мора да ја внесуваме дневно.
Кога температурата е преку 35 степени и ако имате физичка работа или се занимавате со спорт, потребно е да испиете дупло повеќе од просечната количина.
2. Не можете да испиете премногу. Секој од нас има индивидуална потреба за течности. Но, “претерано“ кај здравите луѓе е невозможно. Нашето тело едноставно го исфрлува вишокот течности.
3. Пијте редовно и често. Потребно е да пиете пред да почувствувате жед. Жедта значи дека веќе сте дехидрирале. Пијте редовно, во текот на целиот ден, во мали количини.
4. Водата е најдобра. Газирана и негазирана вода најдобро ја гаси жедта. И нема калории.
5. Избегнувајте ледени пијалаци. Најдобро е да се пијат на собна температура. Ладните пијалаци освежуваат но подобро е да ги пиете со коцки мраз, место од фрижидер.
6. Алкохол? Не прави уморни и поттикнува дополнително потење. Заради тоа не е соодветен за гаснење на жедта.