Според месецот во кој сте родени: На какви здравствени проблеми сте подложни?
Според модерната наука, планетите немаат никакво влијание врз нашите животи. Но, според некои нови истражувања, месецот во кој сме родени влијае на одредени аспекти од здравјето.
На пример, недостатокот на сончева светлина во ладните месеци влијае на плодот на бебето додека е во стомакот на мајката. Исто така, месецот на раѓање влијае и на нивото на допамин и серотонин во мозокот.
Во продолжение прочитајте каква поврзаност имаат месеците на раѓање со здравјето на луѓето:
Оние кои се родени во зима се потрпеливи од оние родени во другите сезони од годината. Во овој месец, нема доволно сончева светлина, па луѓето кои се родени во тој период се посклони кон депресија и лошо расположение.
Родените во јануари обично имаат проблеми со бубрезите и срцето, патат од мигрена, а жените имаат проблеми во менопаузата. Но, за споредба, истражувањата покажуваат дека мажите родени во јануари имаат многу помалку проблеми со тироидната жлезда отколку оние родени во септември.
Родените во февруари треба да внимаваат на проблеми со тироидната жлезда, срцеви заболувања (кај мажите) и тромбоза (кај жените).
Луѓето родени напролет се порасположени. Родените во пролетните месеци најчесто се весели луѓе полни со позитивна енергија. Мажите родени во март може да страдаат од астма или да имаат катаракта. Жените треба да внимаваат на реума и артритис.
Мажите родени во април се подложни на остеопороза, проблеми со тироидната жлезда и астма. Жените родени во април, пак, треба да внимаваат да не настанат проблеми предизвикани од бронхитис, тумори или остеопороза.
Мажите родени во мај се подложни на астма, дијабетес и депресија. Жените најчесто развиваат алергиски реакции или заболуваат од остеопороза.
Луѓето родени во лето имаат позитивен поглед кон светот, но страдаат од чести промени на расположението. Во најлош случај, ова може да доведе до биполарно нарушување или ментални проблеми. Мажите родени во јуни се поподложни на катаракта, бронхитис и срцеви заболувања, додека жените на реума и проблеми со уринарниот тракт.
Луѓето родени во јули страдаат од астма, артритис и хронична болка во вратот.
Родените во август се подложни на следниве болести: остеопороза, астма и проблеми со тироидната жлезда кај мажите, а реума, артритис и тромбоза кај жените.
Луѓето родени наесен немаат многу трпение. Но, поради изложеноста на сончева светлина, немаат големи шанси да страдаат од депресија или било какви хронични заболувања за разлика од луѓето родени во зимските месеци. Мажите родени во септември можно е имаат астма, а жените тумори.
Мажите родени во октомври може да развијат проблеми со тироидната жлезда и да страдаат од мигрени. Жените родени во овој месец се подложни на анемија и високо ниво на холестерол.
Мажите кои се родени во ноември најчесто страдаат од проблеми со кожата, срцето или тироидната жлезда. Жените, пак, страдаат од проблеми со срцето или вените, но немаат проблеми во периодот на менопауза.
Мажите родени во последниот месец од годината можно е да страдаат од катаракта, депресија и срцеви заболувања. Жените родени во декември најчесто страдаат од тромбоза, хроничен бронхитис и астма.
М. В. | Црнобело