Зошто не треба да консумирате алкохол додека пиете антибиотици?
Поради појава на пропратни ефекти и намалена способност на антибиотикот да си ја врши својата работа, дали вреди да ризикувате со чаша алкохол додека примате антибиотици?
Бевте доволно одговорни за да појдете на доктор и да земете антибиотици за таа неподнослива инфекција на уринарниот тракт што ве мачи, но токму сега падна договор за „виски ноќ“ со пријателите во вашиот омилен локал. Што да правите?
Главно, не треба да пиете алкохол кога сте на антибиотици, но која е најлошата работа што може да ви се случи? Можеби сте слушнале од некој пријател дека едновременото консумирање на алкохол и антибиотици може да ве опијани побрзо, но всушност е многу покомплексно од тоа.
Постојат две главни причини зошто треба да избегнувате алкохол додека пиете антибиотици:
Постои зголемена можност за појава на пропратни ефекти и алкохолот може да ја намали способност на антибиотикот да си ја врши својата работа. Тие пропратни ефекти може да бидат многу полоши од вашиот типичен мамурлак.
Ако сепак се одлучите да се напиете една или две чашки, може да искусите некои симптоми како забрзано срцебиење, промени во крвниот притисок, вртоглавици, повраќање, дијареа, гастроинтестинална болка и непријатност, главоболки, црвенило на кожата, поспаност и оштетување на црниот дроб.
„Постојат одредени антибиотици кои интензивно реагираат на алкохол, додека останатите не би требало значајно да реагираат на пијалак или два, но сепак потенцијалната опасност секогаш постои, па подобро е да внимавате отколку да жалите потоа“, советува Стивен Ферара, доктор од Универзитетот Колумбија.
Покрај тоа што може да направи да се чувствувате ужасно, мешањето на алкохол и антибиотици може да направи подолго да закрепнувате од инфекцијата што ја третирате. Умерената до тешка употреба на алкохол ги зголемува ензимите од црниот дроб што се ослободуваат во крвотокот, а бидејќи црниот дроб е одговорен за преработка на антибиотиците, нивниот ефект може да биде намален.
Околу „опијанувањето побрзо“, и тоа е на некој начин точно бидејќи пиењето алкохол предизвикува дехидрација на телото, а и кога некој има инфекција може да биде делумно дехидриран, па тоа не е во ред. Исто така, алкохолот и антибиотиците влијаат на централниот нервен систем и ефектите може да бидат слаба координација и вртоглавица, кои се ефекти и на пијанство, па на луѓето ќе им изгледате пијано.
Од сето ова може да се заклучи дека пиењето на алкохол додека примате антибиотици не е добра идеја. Ако третирате инфекција важно е да останете хидрирани, одморени и да ја земете целата препишана доза лекарства. Вреди да го жртвувате овој викенд со пријателите за да оздравите поскоро, зарем не?
С. С. | Црнобело