Жените прават операции за да имаат совршена „дизајнерска“ вагина во хеланки

Со порастот на вљубеничките во јога и пилатес, се рашири и овој бизарен тренд.

zenite pravat operacii za da imaat sovrshena dizajnerska vagina vo helanki 01

Лабиопластика е хируршко-естеска интервенција на вагиналните усни. Секоја жена има право да прави што сака со своето тело и многу жени се одлучуваат за оваа операција поради некомфорноста и болката што им ја задава големината или обликот на вагиналните усни.

Сепак, штета е што лабиопластиката во светот од потреба се претвори во тренд, па многу жени само поради козметички причини го прават ова затоа што имаат некој идеал како совршената вулва треба да изгледа.

Американскиот магазин „The Sun“ спроведе истражување на темата од кое заклучи дека сѐ повеќе жени прават операција на вагиналните усни за да имаат т.н. совршена дизајнерска вагина и да изгледаат добро во хеланки или јога опрема.

Но навистина нема ништо погрешно, ниту лошо ако облечете хеланки и вашите вагинални усни се видливи или имате камилско стапало кога носите многу тесни панталони. Тоа е нормално, а ако ви пречи дефинитивно е подобро да ги смените панталоните со пошироки отколку да појдете на операција само од естетски причини.

На неодамнешната конференција во Лондон за естетика и пластична хирургија докторот Пол Банвел заклучи дека љубовта кон јогата и пилатесот во светот како да ги зголемија операциите поврзани со вагината.

„Пред неколку години сите зборуваа за влијанието од порно индустријата, но јас судејќи според моите пациенти сметам дека вежбањето во хеланки како да ги наведе жените на ваков потег“, изјави тој.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg