Грешки при вежбање стомачни

greski-pri-vezbanje-stomacni-povekjeАко сакате да имате добро затегнат дефиниран стомак, потребно е да знаете како да вежбате. Ова е листата на шесте најраспространети грешки...

 

...поврзани со вежбите за стомачни мускули кои можат да ве назадуваат доколку не расчистите со нив:

greski-pri-slabeenje

1-ва грешка: За да имате цврсти стомачни, треба да вежбате секој ден.

Вистина: И на стомачните мускули им треба одмор и регенерација. Мускулите се зголемуваат единствено кога се одмарате.

3 до 5 константи, посветени тренинзи на стомачните мускули неделно, ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел.

2-ра грешка: Добро вежбање на стомачните мускули трае половина час.

Вистина: Ако ви е потребен половина час за да почувствувате ефект од вежбите, правите нешто погрешно.

Понекогаш се доволни и сесии од по 5 минути, но важно е да го прилагодите моментумот и интензитетот според формата во која се наоѓате.

Запомнете, квалитетот е поважен од квантитетот.

3-та грешка: Екстремно бавните стомачни ќе ве направат посилен.

Вистина: Трошење една минута за едно подигање нема да има поголем ефект од нормалното подигање. Всушност, забавеното подигање е помалку ефективно.

Идеално, вежбањето треба да ви помогне да ги правите нештата подобро, од кик-бокс, па сè до едноставно подигање на актовка, а ниедна од тие активности не ги правите забавено.

4-та грешка: Најдобро време за вежбање на стомачните е на крајот од тренингот.

Вистина: Не постои физиолошка разлика во однос на периодот кога ги вежбате стомачните. Единствено што е важно е тоа да го правите постојано.

5-та грешка: Не можете јасно да ги дефинирате стомачните мускули вежбајќи пилатес.

Вистина: Пилатес е ефективен начин на вежбање и доколку правилно се искомбинира со диета и кардиоваскуларен тренинг, може да ви донесе правилна дефиниција.

Нормално, никој не може да ви го гарантира тоа, зашто дефиницијата зависи и од гените, колку сте слаби, колку ви е долг стомакот, колку сте високи итн.

6-та грешка: Не може да ги зацврстите мускулите без машина за вежбање.

Вистина: Не ви се потребни тегови за да направите мазни, секси стомачни мускули, иако професионалните спортисти ги користат за да ја зголемат издржливоста и силата.

Згора на сè, најголемиот дел од машините за стомачни мускули не се дизајнирани за жени. А, доколку машината не ви одговара според големината, можно е фокусот на вежбата да се префрли на погрешно место.

Затоа, како најсигурна варијанта ви останува подот. Евтин е, ефективен и секаде достапен!

Дојдете на гратис пробно вежбање со Кондиционен Тренер -  понеделник, среда, петок или сабота на кејот на реката Вардар (пред летното HARD ROCK) во 18:30 часот (отворено и за мажи и жени).

Повеќе информации

Би можело да ве интересира:

Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален цик...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg