9 знаци кои укажуваат на интолеранција на глутен

Глутен е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и овесот. Со глутенот се поврзуваат околу 55 типови на болести, а бројот на луѓе со интолеранција на глутен од ден на ден се зголемува.

9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-intolerancija-na-gluten-01.jpg

Ако не сте сигурни дали спаѓате во оваа група, следуваат 9 знаци по кои можете тоа да го препознаете:

Неправилно варење на храната

Еден од првите индикатори на интолеранција на глутен е неправилното варење на храната, чувство на подуеност, гасови, па дури и дијареа.

Чести промени на расположението

Ако често ви се менува расположението – се чувствувате тажни, па среќни, па нервозни, забележете кога настануваат овие промени и видете дали тоа има врска со консумирањето намирници кои содржат глутен.

Проблеми со зглобовите

Болките во колената и зглобовите, па дури и воспаленија и отоци на тие места се поврзуваат со интолеранција на глутен.

Кератозис пиларис („пилешка кожа“)

Оваа состојба кај народот позната како „пилешка кожа“ се манифестира најчесто на надлактиците, а настанува поради неможност на организмот да ги апсорбира масните киселини и витаминот А во тенкото црево.

Хроничен замор

Ако постојано сте уморни и при лесна физичка активност, обидете се да забележите дали тоа има некаква поврзаност со консумирањето глутен.

Силни главоболки

Честите и силни главоболки може да се јават од многу причини, а една од нив е интолеранцијата на глутен.

Автоимуни болести

Ако имате интолеранција на глутен, а продолжувате со истата исхрана, организмот може да развие автоимуни болести како што се лупус, псоријаза, артритис и слично.

Хормонски дисбаланс

Глутенот може да предизвика воспаленија и проблеми со жлездите кои потоа не можат да функционираат правилно, и како резултат на тоа се јавува хормонски дисбаланс.

Невролошки симптоми

Вртоглавици, нагони за повраќање, хроничен замор се само дел од симптомите кои укажуваат на интолеранција на глутен. Најдобро е да се консултирате со лекар за да знаете дали е тоа вистинската причина.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg