6 мали работи кои може да ги правите за поголема еко свест
Решавањето на вака голем проблем започнува со мали чекори.
Спасувањето на планетата изгледа како навистина тешка и комплицирана задача и сигурно се запрашувате дали е можно еден човек да го стори тоа.
Но малите промени правени масовно, ќе донесат големи резултати.
Еве шест начини со кои можете да направите голема промена во околината во која живеете:
Јадете сезонска храна одгледана природно
Пакувањето и испораката на храната резултира со емисија на многу штетни гасови, па затоа јадете сезонска храна што се одгледува локално. Исто така, намалете на месото затоа што животните се важен дел во целиот синџир.
Внимавајте и со количината на храна која ја купувате, бидејќи истражувањата покажуваат дека дури 32% од целата храна не е консумирана и залудно се фрла.
Бидете еко свесни
Купувајте производи кои се направени по сите еколошки стандарди. На тој начин производителите ќе сфатат дека луѓето се еко свесни и ќе пристапат на производството според одредени еко стандарди.
Возете велосипед
Наместо да бидете еден од најголемите загадувачи возејќи се со автомобилот дури и на најкратките релации, време е да направите промена.
Започнете со возење велосипед и околината и вашето тело ќе ви бидат благодарни.
Направете промена во канцеларијата
Започнете на работното место со мали потези кои ќе ги инспирираат сите.
Означете место за паркирање велосипеди пред компанијата, принтајте од двете страници на хартијата, ставете корпи за селекција за отпад за рециклирање итн.
Намалете ги сметките
Обидете се да ги намалите сметките за струја и вода во домот. Поставете си цел тоа да го сторите барем за 10 проценти во рок од шест месеци.
Започнете со поставување на соларни панели. Можеби ви изгледа како скапа инвестиција, но на долг рок е навистина исплатлива.
Појдете кај градоначалникот
Локалните власти го контролираат транспортот, инфраструктурата и начинот на градба, па можат во голема мера да влијаат на емитувањето на штетните гасови.
Организирајте група еко свесни граѓани и започнете да вршите притисок.
С. С. | Црнобело