Биполарност - Знаци како да ја препознаете

Биполарното пореметување претежно е промена на расположението со осцилации од потиштено, депресивно до еуфорично позитивно расположение.

bipolarnost-znaci-kako-da-ja-prepoznaete-001.jpg

Промените на расположението може да се појават од неколкупати во текот на годината, до неколкупати во денот.

Постојат два типа на биполарност:

Биполарно пореметување тип 1 подразбира промени на расположението кои значајно влијаат на школувањето, работата и односите со луѓето. Тешки се и опасни.

Биполарно пореметување тип 2 е поблага верзија. Може да се појави промена во функционирањето, но личноста може да продолжи со секојдневните активности.

Суптилни знаци по кои може да ги препознаете биполарните лица:

Емоции

  • Чувство на незадоволство кое не престанува
  • Чувство дека сакаат да плачат без никаква видлива причина
  • Брзо губење на интерес
  • Не уживаат во работите кои порано им правеле задоволство
  • Чувствуваат немир и вознемиреност
  • Ја губат самодовербата
  • Се чувствуваат бескорисно, безнадежно
  • Раздразливи се
  • Размислуваат за самоубиство

Мисли

  • Не можат да мислат позитивно и да се надеваат
  • Тешко им е да донесат дури и наједноставни одлуки
  • Тешко им е да се сконцентрираат

Физички

  • Губење на апетит и тежина
  • Тешкотии при заспивање
  • Се будат порано од вообичаено
  • Се чувствуваат крајно изморено
  • Отсуство на желба за секс

Однесување

  • Тешко ги започнуваат и завршуваат дури и наједноставните обврски
  • Било што може да ги расплаче
  • Избегнуваат контакт со други луѓе

Втората страна на биполарните личности е моментот кога се во манија, односно екстремно возбудување, енергија и оптимизам.

Во тие моменти ги имаат следниве симптоми:

  • Претерано се возбудени и среќни
  • Ги иритираат другите луѓе кои не го делат нивниот поглед на светот
  • Се чувствуваат поважни од другите
  • Идеите не престануваат
  • Брзо преминуваат од една на друга идеја
  • Не можат и не сакаат да спијат
  • Прават планови кои се грандиозни и нереални
  • Активни се и се движат брзо
  • Зборуваат брзо
  • Донесуваат моментални одлуки со катастрофални последици
  • Брзоплето ги трошат парите

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg