Желба за мраз, потреба да крадете: 6 невообичаени сигнали за проблеми со здравјето

Кога нешто не е во ред со вашиот организам, телото ви праќа сигнали. Тоа може да биде главоболка, мачнини во стомакот, промена на тежината...Или, пак, желба за мраз. Да, звучи бизарно, но е вистинито.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-1.jpg

Ви ги откриваме шесте невообичаени знаци на кои треба да обрнете внимание, бидејќи можно е да сигнализираат проблеми поврзани со вашето здравје:

1. Ослабено сетило за мирис

Експертите тврдат дека доколку имате послабо сетило за мирис, тоа може да биде еден од знаците на Алцхајмеровата болест. Истражувањето спроведено на глувци, открило зголемен број на оштетени нервни клетки во носот на глувците со Алцхајмерова болест, во споредба со останите глувци.

Притоа, лекарите сугерираат дека е сосема нормално нашето сетило за мирис да слабее по 70-тата година, но ако тоа се случи додека сте многу помлади, нешто не е во ред.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-2.jpg

2. Изгледате постаро за свои години

Луѓето кои изгледаат повозрасни, одошто навистина се, имаат поголем ризик за проблеми со срцето. Едно научно истражување покажува дека предвременото обелување, опаѓање на косата и појава на брчки, претставуваат знаци за нездраво срце.

Се докажало и дека индивидуите кои прерано стареат, имаат повеќе од 50% ризик за срцев удар во наредните 30 години.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-3.jpg

3. Желба за мраз

Претераната желба за консумација на мраз, може да биде знак за недостаток на железо. Кога имате ниско ниво на железо во крвта, тоа резултира со отекување на јазикот, што ја буди вашата желба за, на пример, мраз.

Истражувањата покажуваат дека 40% од луѓето со анемија сакаат да консумираат мраз.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-4.jpg

4. Потреба за кражба

Звучи бизарно, но науката потврдува дека постои поврзаност помеѓу крадењето работи и нарушеното здравје на мозокот.

Спроведеното истражување на оваа тема, открива дека потребата за кражба е резултат на промени во мозокот, наспроти типичните општествени норми. Тоа може да бидат рани знаци на деменција.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-5.jpg

5. Црвенило под ноктите

Кај здравите поединци, ноктите се мошне мазни и немаат „замаглување". Но, велат експертите, ако имате црвенило под ноктите, тоа би можело да биде знак на лупус.

Автоимуната болест предизвикува осип на рацете, нозете и лицето. Доколку забележите било какво црвенило под ноктите, веднаш проверете се кај вашиот лекар.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-6.jpg

6. Зачестено икање

Икањето обично трае неколку минути. Но, доколку трае повеќе од 48 часа, може да постои причина за загриженост. Имено, уште едно научно истражување, ја откри врската помеѓу долготрајното икање и ракот на белите дробови.

Откриено е и дека икањето може да биде симптом за напредна фаза на мезотелиом - редок вид на рак кој се јавува во тенкиот слој на ткивото, што ги покрива повеќето внатрешни органи. Затоа, ако не престанувате да икате, време е да појдете на лекар.

zhelba-za-mraz-potreba-da-kradete-6-nevoobichaeni-signali-za-problemi-so-zdravjeto-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg