Најчести фитнес грешки

najcesti-fitnes-greski-povekjeНеколку тренери чија специјалност е обликување на телото, набљудувајќи ги жените во своите приватни фитнес-центри, направиле листа...

 

...со најголемите фитнес-грешки. Прочитајте ги и што е најважно применете ги во секојдневното вежбање.

Наше мислење е дека најголема грешка е што премногу брзо сакаме резултати, а кога ги нема, почнуваме да се откажуваме.

Вежбајте со ентузијазам во слободна атмосфера и најмногу трпение.

Патем, внимавајте на следните грешки:

najcesti-fitnes-greski

1 грешка: Ги избегнувате вежбите за затегнување и повеќе правите кардио-вежби за слабеење.

Решение: Почнете да кревате тегови. Жените повеќе се фокусираат на трчањето, пешачење, возење велосипед, но истражувањата покажуваат дека за фит форма се неопходни и вежби за затегнување.

Во текот на стареењето, секоја деценија жената губи по 5 килограми од својата мускулна маса.

Идеалната комбинација која ја препорачуваат е: 3-4 сесии од кардиоваскуларни вежби и 2-3 сесии вежби за затегнување во неделата.

2 грешка: Постојано ги изведувате истите вежби.

Решение: Редовно внесувајте промени со кои ќе ја уништите здодевната рутина.

Телото се навикнува на вежбата и по подолг период таа веќе е без ефект.

Затоа е неопходно да се менува времетраењето на тренингот, интензитетот и типот на вежбите.

3 грешка: Мирно пловите низ кардиоваскуларните вежби.

Решение: Внесете малку аеробик. Мора да го зголемувате интензитетот на кардиоваскуларните вежби ако сакате побрзи резултати.

Аеробикот ја забрзува работата на срцето, а со тоа се забрзува и самата циркулација во организмот. На пример, додека трчате забрзајте го темпото, истрчајте еден спринт, и повторно забавете.

ДВД со фитнес-вежби одлично е за ваква намена бидејќи ве тера да спортувате многу повеќе отколку што мислите.

4 грешка: Се чувствувате напнато бидејќи не се загревате.

Решение: Пред секој тренинг истегнете ги мускулите и направете неколку потскокнувања за да го подготвите телото.

Мора да одвоите 5 минути за загревање, на пример, со лесен џогинг или скокање во место.

По секоја серија напорни вежби застанете и повторно правете ги вежбите за загревање. Вака ќе го смирите забрзаниот пулс и ќе можете да продолжите понатаму.

5 грешка: Следите туѓи тренинзи, најчесто на познатите.

Решение: Поставете цел што е можно да ја постигнете. Правите голема грешка ако седнете на интернет и ја барате програмата по која вежба Heidi Klum.

Вашето тело е уникатно и има потреба за конкретни вежби што одговараат на физичката подготвеност и тежината. И кога ќе постигнете резултати, мускулите нема да ви бидат исти како на избраниот идол.

Ако сакате да изгледате фит без да правите грешки во вежбањето, почнете да вежбате со Кондиционен Тренер.

Клик за повеќе информации.

Побрзајте! Летото ни пристигна!

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg