8 работи кои е опасно да ги делите дури и со најблиските
Самата помисла на тоа да позајмите луфа или четка за заби ви е одвратна. Но, слушалки? Нема проблем.
Тука грешите. Без разлика колку сте блиски со човекот со кој сакате да ги споделите овие 8 ситници, запаметете дека едноставно не смеете и е премногу опасно:
Кармини и сјаеви за уста
Зошто да не ѝ го позајмам карминот на пријателката? Што има тука лошо? Вирусите најлесно се пренесуваат преку устата, па сигурно не сакате да ги предизвикате.
Слушалки за уши
Колку и да го делите вкусот за музика, не мора да ги делите истите нечистотии кои може да ја нарушат нормалната флора во увото.
Виклери, четки, шноли
Било што што се става и допира до косата – е само ваше.
Рол-он или стик
Дезодорансот е безбеден за делење бидејќи нема допир, меѓутоа рол-онот и стикот кој го допирате до пазувите е интимна работа. Било кој контакт со друго тело може да предизвика пренесување на бактерии.
Пешкир
Зголемената влажност го прави идеална површина за развивање на бактерии и габични инфекции. Важно е да ги менувате пешкирите на 3 дена, да ги сушите темелно по секое бањање и да не ги делите.
Козметички алатки
Без разлика дали се работи за ножички, пинцета, брич или депилатор, и нив треба да ги користите само вие. Овде е ризично бидејќи со невнимателно користење може да дојдат во допир со туѓа крв, па потоа ваша.
Четки за шминкање и нанесување маски
Козметичките четки се идеално место за развивање на бактерии и ситни непријатели на кожата, кои сигурно се зголемуваат кога ги користи повеќе од еден човек.
Влечки
Делењето на чевли и влечки е ризична работа токму заради влагата која се создава во нив. А, влажната атмосфера е одлична за развивање на габични инфекции. Затоа, никогаш не ги давајте своите влечки на гостите.
М. Д. | Црнобело