7 грешки со кои го нарушувате здравјето на очите

Очите се дел од телото кој најчесто го занемаруваме. Сепак, здравјето на очите е многу важно, па правилната нега е клучна за да го задржиме добриот вид.

7-greshki-so-koi-go-narushuvate-zdravjeto-na-ochite-01.jpg

Ова се најчестите грешки што ги правите, а значително го нарушуваат здравјето на очите:

Спиете со контактните леќи

Многу е важно да ги вадите леќите пред спиење и да ги оставите во кутивчето со течност. Спиењето со леќи може да го запре дотокот на крв во рожниците и да предизвика инфекции.

Ставате моливче на внатрешниот дел на окото

На овој дел од окото не смеете да нанесувате моливче бидејќи шминката може да се измеша со солзите и да ги наполни очите со штетни честички кои предизвикуваат инфекции. Моливчето нанесувајте го на надворешниот дел на окото под трепките.

Спиете со шминка

Спиењето со шминка е штетно за целото лице, па и за очите. Ги затнува жлездите околу очите и со тоа го зголемува ризикот од иритација на кожата, па може да се појават јачменчиња и акни околу очите.

Избегнувате да одите на преглед

Посетата на офталмолог треба да ја практикувате барем еднаш годишно, ако немате проблеми со видот и не носите очила или леќи. Преку прегледот на очите, лекарот може да открие и други проблеми поврзани со целиот организам.

7-greshki-so-koi-go-narushuvate-zdravjeto-na-ochite-02.jpg

Претерувате со капките за очи

Капките кои го намалуваат црвенилото во очите не се долготрајно решение за овој проблем. Најдобро е да посетите лекар и тој да ве советува како да се справите со оваа појава.

Го игноририте рокот на траење на производите

Без разлика дали станува збор за маскара, сенка, моливче, течност за леќи или капки, секогаш треба да го проверувате рокот на траење на овие производи. Очите се многу чувствителен дел од телото, па не смеете да користите производи со изминат рок на траење.

Не носите очила за сонце во зима

УВ зраците од сонцето не се штетни само во летниот период. Поради тоа е важно да ги заштитите очите со квалитетни очила за сонце кои ќе ги носите преку целата година.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg