„Имав абортус“ - Инстаграм профил кој ги руши табуата и им дава поддршка на жените
Кога една жена ќе го изгуби бебето за време на бременоста, тоа е огромен шок, а оваа тема и понатаму останува табу.
Докторката по психологија Џесика Цукер, откако самата доживеала спонтан абортус во 2012-тата, решила да промени некои работи. Таа отворила профил на Инстаграм, I Had a Miscarriage, за помош и поддршка на жените кои се соочуваат со оваа траума.
На профилот, жените кои доживеале абортус отворено разговараат на различни теми кои ги опфаќаат сите фази на оваа состојба, од тоа како настанал абортусот, низ што треба да се помине и на крај, каков е процесот на оздравување.
https://www.instagram.com/p/BTuxAeYg_z_/?taken-by=ihadamiscarriage
Доктор Цукер, освен охрабрување, на жените кои ги споделуваат приказните им дава и совети како да продолжат понатаму. Жените споделуваат фотографии од својот стомак додека сè било во ред, од своите семејства, од моментите кога дознале што се случува и слично.
https://www.instagram.com/p/BWOUnKzg3U6/?taken-by=ihadamiscarriage
Овој профил им има помогнато на илјадници жени низ светот, што значи дека ваквиот начин на нудење помош и поддршка бил и повеќе од потребен.
М. В. | Црнобело