Грешки при слабеење

greski-pri-slabeenje-povekjeЕдна од најраспро- странетите грешки на луѓето кои имаат за цел да ослабат, е веднаш да преминат на жестоки диети со одредена исхрана. Диетолозите...

 

Диетолозите научно докажуваат дека тоа е потребно само при многу екстремно зголемена телесна тежина.

greski-pri-slabeenje

Ако треба едноставно да намалите неколку сантиметри од обемот на половината не е потребно да се изложувате на строги диети за драстично да ги намалите калориите.

Ако го направите тоа, ризикувате да си обезбедите многу проблеми меѓу кои: губење на мускулната маса, намалување на работоспособноста и предвремено стареење. Нема да избегнете и главоболка.

Втора голема грешка е ако се откажете од маснотиите, бидејќи поголем дел од маснотиите се поврзани со внесување на протеини, односно на месо, а месото е главна состојка за формирање на мускулната маса. А, токму мускулите ги апсорбираат мастите.

Трета грешка на многу луѓе кои имаат цел да ослабат е т.н. алтернативна исхрана. Тие посегнуваат кон различна замена на храната, а на тој начин само си одмогнуваат - како што е докажано со многу експерименти.

Ако на некој производ, пишува "додаток во исхраната", значи тој е само додаток на главниот оброк, а не вистинска храна.

Производителите секогаш напоменуваат дека тоа е додаток, и не треба да се користи како замена за храната, но многу од луѓето кои имаат за цел да изгубат некој килограм, или не ги читаат етикетите, или сметаат дека не е потребно да се слушаат инструкциите, ја консумираат оваа храна како главно јадење.

Почнете да вежбате и да слабеете здраво и ефикасно со Кондиционен Тренер. Повеќе информации може да најдете тука.

Би можело да ве интересира:

Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg