Прва помош на плажа: Што да правите ако ве опече медуза?

Ништо не може да го уништи прекрасниот летен одмор како блиско сретнување со медуза.

prva-pomos-na-plaza-sto-da-pravite-ako-ve-opece-meduza-01.jpg

Медузите не се лесни за воочување, па многу лесно може да ве опечат без да ги забележите.

На местото на кое ве допреле обично ќе забележите црвенило на кожата, отекување, чешање и болка кои може да траат до недела дена.

Што да правите во случај ако ве опече медуза?

Што попрво излезете од водата. Исплакнете го местото со физиолошки раствор или чиста морска вода и отстранете ги делчињата кои останале на кожата (секако не со гола рака).

Никако не измивајте со обична вода бидејќи таа ги влошува симптомите.

Најдете коцки мраз и замотајте ги во крпа или пешкир. Држете на болното место околу 15 минути за да го спречите отекувањето.

Задолжително заштитете го испеченото место од сонце.

Болното место исто така е препорачливо да се намачка со крема која содржи аналгетик.

Болното место никако не го тријте со пешкир.

Симптомите би требало да исчезнат по неколку часа, но ако опекотината предизвика алергиска реакција, неопходно е да побарате лекарска помош.

prva-pomos-na-plaza-sto-da-pravite-ako-ve-opece-meduza-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg