Со кој орган имате проблем, според болката која ја чувствувате?

Сите некогаш сме почувствувале болка во телото која не можеме да ја опишеме или да дознаеме од што точно е предизвикана.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-01.jpg

Во тие моменти посакуваме да може да погледнеме во внатрешноста на телото и да го идентификуваме органот или местото кое ни прави проблем.

Постојат неколку типови болка на кои телото најчесто реагира, па прочитајте кои се тие.

Секако, не се потпирајте само на ова и секогаш кога ќе почувствувате сериозна болка на некои од овие места, обратете се кај лекар.

Срце

Ако нешто не е во ред со срцето, ќе чувствувате стегање во градите, што може да се продолжи низ левата рака, рамо или врат. Спротивно од другите типови болка, срцето не е многу поврзано со движењето на телото или дишењето.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-02.jpg

Бубрези

Болката на бубрезите може често да биде помешана со обична болка во грбот. Разликата е во фактот што болката од бубрезите е подлабока и боли под ребрата. Мускулната болка обично се чувствува под бубрезите.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-03.jpg

Тенко црево

Најчесто, проблемот со тенкото црево може да предизвика болка во папокот. Ако почувствувате силна и попречна болка кога ќе се наведнете надолку или одите, посетете доктор.

Бели дробови

Белите дробови сами по себе не може да ве болат, бидејќи немаат нервни завршетоци. Но, може да почувствувате тапа болка во градите околу белите дробови. Болката може да биде проследена и со благо кашлање и губење воздух.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-06.jpg

Слепо црево

Слепото црево е сместено во долниот десен дел на абдоменот. Но, болката предизвикана од проблеми со него, може да биде распространета по целиот стомак и на горниот или долниот дел, а може да се рашири и кон десната нога.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-07.jpg

Желудник

Ако имате проблем со желудникот, болката може да се манифестира под ребрата, во средина, а може да ја почувствувате и на истото ниво, но одзади, кај грбот. Болката во стомакот е блиску до срцето, па многу често може да биде помешана, но најдобро е да се консултирате за тоа со доктор.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-08.jpg

Жолчка и црн дроб

Во случај на проблем со црниот дроб и жолчката, болката се појавува во десниот горен дел на абдоменот, или на истото ниво од страната на грбот. Симптоми за ова може да бидат горчливост во устата, жолтица и уште многу други знаци.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-09.jpg

Панкреас

Болката заради проблеми со панкреасот се појавува во центарот на горниот дел од абдоменот. Помалку интензивна болка може да се прошири и низ цел абдомен. Болката може да се зголемува ако лежите на грб или после јадење.

na-koj-del-od-teloto-se-manifestira-bolkata-od-sekoj-organ-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg