Со ментол против главоболка
Умасирување на екстракти од ментол на предниот дел на главата, челото и слепоочницата може да ја излечи главоболката побрзо од...
... стандардните лекарства против болки.
Во спроведоното истражување, 95% од испитаниците кои го користеле овој екстракт на ментол, изјавија дека почувствување подобрување веќе во првите 2 минути.
Исто така, речиси сите учесници во истражувањето изјавиле дека болката комплетно исчезнува по 30 минути. Речиси сите се согласиле дека ментолот им делувал подобро од стандардните лекови.
Освен што ја ублажува болката, овој екстракт има и релаксирачки дејствија посебно на делот на мускулите на главата и вратот, а добро делува и против напнатост и укоченост на тие делови.