Бременост во лето: Како полесно да ги поднесете топлите денови?

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена. Но, со себе носи многу искушенија и физички потешкотии: болки во грбот, болки во градите, немирен сон итн.

bremenost-vo-leto-kako-polesno-da-gi-podnesete-toplite-denovi-01_copy.jpg

Со зголемување на температурата надвор, се зголемуваат и непријатностите. Бремените жени се чувствителни на топлина поради зголемување на телесната температура и тежината.

Со овие неколку совети ќе можете полесно да ги поднесете летните горештини и безгрижно да уживате во бременоста:

1. Носете лесна и удобна облека од памук или други природни материјали. Исто така, одморете ги стапалата со удобни обувки, како што се платнените еспадрили, во кои кожата може да диши. Обувките нека бидат на мала платформа.

2. Кога сте во можност, подигнете ги нозете за да го намалите притисокот и отоците кои се јавуваат во бременоста, особено во летниот период.

3. Пијте што е можно повеќе течности. Задржувањето на водата во организмот придонесува за појава на отоци.

Пиењето повеќе течности освен што го освежува телото, спречува инфекции на уринарниот тракт.

bremenost-vo-leto-kako-polesno-da-gi-podnesete-toplite-denovi-02.jpg

4. Бидете физички активни со лесни вежби. Во летниот период се препорачува пливање, без нагли покрети и без да се уморите. Ако сте во базен, можете да правите и вежби за рацете и нозете.

Посетувајте базен само кога водата е чиста и нема многу луѓе.

5. Не ги заборавајте кремите со заштитен фактор, и тоа најмалку СПФ 30. Во бременоста, излегувањето на сонце е штетно не само поради тоа што кожата може да изгори, туку и поради тоа што на лицето може да се појават темни дамки.

Избегнувајте долго седење на сонце – штетно е и за вас, и за бебето.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg