Факти за кокаинот
Иако за кокаинот се зборува често и се нарекува заборавената дрога на 80-тите, сепак многу млади па и повозрасни се дружат со овој тип на дрога.
Ова се неколку факти кои треба да ги знаете за кокаинот.
Што е кокаинот?
Дрога која многу лесно предизвикува зависност. Може да се шмрка (во прав), пуши (crack и freebase кокаин), џвака или да се вбризга во вена.
Сите облици на кокаин можат многу да му наштетат на телото затоа што влијаат на мозокот и централниот нервен систем. Исто така може да го почувствувате и влијанието врз вашиот паричник како и вашиот углед.
Како делува кокаинот?
Кокаинот го стимулира центарот за уживање во мозокот така што ја нарушува хемиската рамнотежа која ги држи вашето расположение и емоции во нормала.
Еуфоричната состојба обично трае помалку од 20 минути. Колку побрзо дојде дрогата до мозокот – толку е ефектот пократок:
- Ако внесувате со шприц, директно во крвта, ефектот врз мозокот е инстантен.
- Преку пушење стигнува за 5 секунди до срцето и мозокот.
- Кога се шмрка практично во крвта влегува преку мембраната на слузницата во носот. Еден дел се процесира во црниот дроб, а друг оди до мозокот.
3. Ефекти од кокаинот
Кокаинот поттикнува состојба на еуфорија и ве држи будни, ја намалува желбата за сон и храна. Поединци може да станат хиперактивни, а други пак се чувствуваат моќно или агресивно.
Но, најголем број од луѓето се чувствуваат нервозно, луто, збунето или насилно.
4. Дали е опасен?
Да! Кокаинот може да ве убие, особено ако се предозирате. Смртта поврзана со кокаинот најчесто е резултат на уништен респираторен систем, срцев удар, неправилна работа на срцето, гангрена на цреват...
Кокаинот е извор на разни тешки хронични болести, срцеви проблеми, мозочни удари, епилепсија, главоболки и мачнини во стомакот.
Оние кои често користат кокаин се депресивни и патат од несоница. Често се параноични, немирни и чувствителни. Кај некои се појавуваат халуцинации и психоза.