Дали консумирате вода на правилен начин?
Дали сте од оние кои пијат најмалку 2 литри вода дневно, а сепак се чувствувате на некој начин овенати и дехидрирани?
Ова се случува доколку не консумирате доволно гел-вода или т.н. структуирана вода, односно H2O која доаѓа од зеленчукот, овошјето, чиа семките и колагенот.
Со години се манипулираше со заклучокот дека најдобриот начин да останете хидрирани е преку регуларните 8 чаши водна дневно. Но, реалноста е многу покомплексна.
Гел-водата или уште наречена живата-вода е новоидентификувана форма на водата која не е всушност течност, пареа или мраз. Идентификувана е со уште еден дополнителен атом на водород и кислород, при што молекуларната структура е H302.
Првото истражување поврзано со оваа тематика е објавено во 2009 година од страна на биоинженерот Џералд Полак.
Откритието всушност го смени процесот наречен хидратација на човековиот организам.
Водата се дистрибуира низ телото преку крвотокот и лимфниот систем, но откритието поврзано со гел-водата сугерира дека тенкиот слој на фиброзното сврзно ткиво кое ги покрива мускулите или другите органи исто така има круцијална функција во дистрибуцијата на водата низ телото.
Затоа, покрај стандардните 8 чаши вода дневно задолжително внесувајте многу свежо овошје и зеленчук, чиа семки и течен колаген за да останете хидрирани и здрави.
(О)Милена | Црнобело