Овошје за атрактивен изглед
Пет порции овошје на ден во тек на еден месец – ќе ве направи поатрактивни и сигурно ќе изгледате подобро. До овие резултати дошле експертите...
...на едно истражување на британскиот факултет во Бристол.
Во текот на еден месец тие на волонтерите им давале 5 различни видови овошје и зеленчук.
Помеѓу останатото на менито било овошјето и зеленчукот богато со бета каротин и меланин. Најдобар пример се морковите, доматите и праските.
По месец дена од истражувањето се покажало дека изгледаат далеку подобро.
Фотографиите им биле покажани на останата група луѓе која воопшто не била запознаена со проектот.
Фотографиите “потоа“ добиле значително подобра оценка.
Експертите објаснуваат дека овошјето и зеленчукот влијае на нашиот изглед, а особено делува здраво за нашата кожа која е пресудна за првиот впечаток.