СПФ 15, 30, 50… Што значат бројките на заштитните фактори?

Летото е пред нас, а ако откриете како да се заштитите од сонцето правилно, конечно ќе може да уживате во него без изгореници, болки и лупење на кожата.

spf-15-30-50-sto-znacat-brojkite-na-zastitnite-faktori-01.jpg

Се фокусираме на кремите со фактор, бидејќи во лето ги користиме неколку пати во денот.

За да одберете производ кој најдобро ви одговара на вашата кожа, најчесто се водите по логиката – колку што кожата ми е посветла, толку поголем фактор ми треба. И обратно, имам темна кожа, не можам да изгорам.

Каде грешите?

СПФ бројката, односно факторот покажува колку тој производ ќе ве заштити од сончевите зраци.

Во овој случај, важно е да разберете дека кремата со СПФ 30 не пружа двојно поголема заштита од кремата со СПФ 15.

Математиката е малку поинаква:

СПФ 15 блокира 93% од УВ зраците,

СПФ 30 блокира 97% од УВ зраците,

СПФ 50 блокира 98% од УВ зраците.

spf-15-30-50-sto-znacat-brojkite-na-zastitnite-faktori-2.jpg

Исто така важно е да запаметите:

- Факторот се нанесува 20 минути пред да се изложите на сонце.

- Потребно е да го нанесувате на секои 2 часа или после секое излегување од вода или интензивно потење и бришење со пешкир.

- Неопходно е да нанесувате големи количини, бидејќи ако нанесете тенок слој од фактор 30-ка, заштитата ќе биде 5 пати помала.

- Предност имаат препаратите кои нудат и УВА филтри за заштита.

spf-15-30-50-sto-znacat-brojkite-na-zastitnite-faktori-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg