8 знаци дека е крајно време да ги промените патиките за тренинг

Речиси сите ги менуваме патиките за тренинг дури откако ќе забележиме излижана гума или видно оштетување на материјалот.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-001.jpg

Но, она што малкумина го знаат е дека првата болка и првиот плускавец на нозете се знак дека веќе е крајно време да купите нов пар патики за тренинг.

8 предупредувачки знаци кои не треба да ги игнорирате:

1. Нозете ве болат

Ако одеднаш чувствувате притисок во зглобовите и мускулите кога сте физички активни, тоа значи дека патиките повеќе не ви ја обезбедуваат потребната поддршка.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-1.jpg

2. Менување на обликот

Ако забележите дека патики го промениле првичниот облик, односно се прошириле до тој степен што имате простор меѓу материјалот и ногата, време е да ги замените со нови пред да се повредите.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-2.jpg

3. Траење на патиките според километри или часови

Зависно од тоа каков спорт практикувате, треба да знаете дека патиките за трчање издржуваат 500-1.000 километри или 45-60 часови тренинг како кошарка, тенис, фудбал или аеробик.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-3.jpg

4. Земете ја предвид тежината

Ако тежите повеќе од 90 килограми, тогаш „километражата“ на патиките се намалува на 500километри.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-4.jpg

5. Не го поминуваат тестот со виткање

Патиките треба да можете да ги свиткате како ќе посакате, без да пукнат или да почувствувате отпор.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-5.jpg

6. Проверете ја гумата

Ако ѓонот е тврд и не можете да го притиснете со прсти, време е за нови патики.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-6.jpg

7. Проверете ја симетријата

Доколку едната патика е пониска од другата, променете ги патиките под итно.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-7.jpg

8. Почнуваат да ви се јавуваат плускавци

Доколку чувствувате дека патиките ви прават ранички и плускавци и не можете да ги носите повеќе од неколку минути без болка во стапалата, очигледно е – ви требаат нови.

8-znaci-deka-e-krajno-vreme-da-gi-promenite-patikite-za-trening-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg