Лекот за здрави заби е една лажичка масло, секој ден на празен стомак
Плакнењето на устата со масло е древна, здрава навика која има потенцијал да ви ги заштити забите од бактерии и кариес, доколку ја практикувате редовно.
Тајната е во липидите во маслото кои е научно докажано дека ги уништуваат бактериите во усната шуплина.
Така, навиката за плакнење на устата со масло може да ви ги заштити забите од наслагите, да ги зацврсти непцата и да ве ослободи од лошиот здив.
Процедурата треба да ја практикувате секое утро, веднаш штом се разбудите, на празен стомак.
Земете 1 лажица масло од сончоглед, кокос, сусам и држете го 10-тина минути во устата без да го голтнете.
По 10 минути, кога маслото ќе се помеша со плунката, исплукајте го и исплакнете со топла вода.
По неколку дена ќе ги забележите горе споменатите промени.
М. Д. | Црнобело