Како да го зголемите нивото на енергија во организмот?
Кога чувствувате дека имате недостаток на енергија, тоа значи дека вашиот организам има потреба од нешто што ќе го поткрене. Доколку во вакви ситуации посегнете по благо или кафе, според нутриционистот Вилијам Кол, вие влегувате во голема замка.
Примарната енергија, вашиот мозок ја добива од масти и шеќери. Најголемиот број од луѓето кои се борат со својата тежина се вклучуваат во фаза на согорување на шеќерите.
Во вакви периоди, поради криза за шеќери, вашиот мозок функционира напнато, па вие се чувствувате нервозни и гладни.
Токму затоа, Вилијам препорачува да го програмирате организмот да ги согорува мастите наместо шеќерите. Tој потенцира дека e потребно да јадете храна која е богата со добри масти.
„Овој тип на масти кога ќе се претворат во енергија траат многу подолго, а вие ќе се чувствувате посконцентрирани и посити во текот на целиот ден“ - објаснува Вилијам.
Според неговите совети, важно е да јадете, риба - сардина и туна. Тие претставуваат навистина здрав оброк, а во комбинација со зелена салата, можат и брзо да ве заситат, но и да го зголемат нивото на енергија.
С. У. | Црнобело