Подготви го телото за вежбање
Сакате да се вратите во форма? Мора да вежбате! Но, како да го подготвите телото за физичка активност? Важно е да не заборавите...
...на водата. Минимум половина час пред вежбање напијте се 2 до 3dl вода за да избегнете дехидрирање.
Во текот на денот испијте минимум 2l вода.
Ако имате проблематични синуси, алергии и дишењето ви е отежнато, отидете во купатило и пуштете да тече жешка вода.
Во таква атмосфера дишете длабоко 5 пати. Ќе почувствувате олеснување.
Вежбајте еднаш во денот, секогаш пред да јадете. Ефикасноста на стомачните вежби тогаш е за 40% поголема.
Ако вежбате за да ја зголемите телесната енергија, ефекти ќе забележите уште од првиот ден.
Ќе се чувствувате полни со енергија и посилни. Кога организмот ќе добие доволна количина кислород се однесува како автомобил штотуку наполнет со гориво!
Ако ваша цел е да изгубите сантиметри во струкот, колковите или задникот, метрото ќе покаже добри резултати по месец дена вежбање.
Ако сакате да ослабите во првата недела од вежбањето, вежбајте 2 пати дневно.
Кога ќе завршите задолжително истуширајте се за да се ослободите од насобраната пот и да и дозволите на кожата да дише.
Нека не ве чуди ако првите неколку дена од вежбањето кашлате и слушате чкрипење во градите при издишување, посебно ако сте пушач.
Од вашите дробови има што да се исфрли!