4 мириси на телото кои не смее да ги игнорирате
Кога штотуку сте завршиле со тренинг е сосема нормално телото да мириса поразлично од претходно. Или, кога ќе јадете нешто зачинето и луто.
Сепак, со темелен туш би требало лесно да се среди ситуацијата.
Доколку одреден мирис се задржува и по хигиенските навики, време е малку посериозно да го проверите здравјето.
Посебно во овие 4 случаи:
1. Овошен, сладок здив - симптом на дијабетес
Слаткиот здив се јавува кога нивото на инсулин во телото ќе се спушти и нивото на шеќер во крвта ќе се покачи.
2. Непријатен мирис на стапалата - симптом на габична инфекција
Доколку носите квалитетни чевли и нозете ви се совршено чисти, а сепак чувствувате непријатен мирис, веројатно се работи за габична инфекција. Пред габичната инфекција да се прошири, задолжително посетете лекар.
3. Непријатен мирис на урината - симптом за инфекција на уринарниот тракт
Урината никогаш нема да мириса пријатно, меѓутоа силниот изразен мирис укажува на присуство на бактерија, како на пример Ешерихија коли. Па, доколку мирисот е сомнително силен, разговарајте со доктор и направете ги потребните тестови и прегледи.
4. Лош здив и сувост на устата - симптом за апнеја
Доколку утринскиот здив е лош и пропратен со сувост, а во комбинација со тоа патите од поспаност и ‘рчење, веројатно се работи за апнеја. Апнејата е сериозна состојба кога за време на спиење се случува прекин на дишењето. Задолжителна е консултација со лекар.
М. Д. | Црнобело