Што сака да ви каже телото, кога ви игра нервот на окото?
Играњето на окото на сите ни е познато и ни се случило барем еднаш.
Кога првпат се случува, малку се плашиме, но по второто и третото повторување, веќе го игнорираме.
Дали играњето на окото означува нешто сериозно и е сериозен знак за здравјето или треба да продолжите да го игнорирате?
Докторите откриваат:
Треперењето на горниот капак најчесто е предизвикано од стрес, претерано пушење цигари или преголем внес на алкохол.
Доколку ви трепери самиот долен раб на окото, веројатно се работи за замор или иритација.
Играњето на подочниците исто така е знак за раздразнета очна мембрана или некаква иритација.
Па, што треба да направите?
Прво, истегнете се и опуштете го телото.
Доколку играњето на очите не поминува цел ден, задолжително обратете се на лекар.
Единствена превенција за да не ви се случува ова е да се релаксирате, да спиете доволно и да се исхранувате балансирано.
М. Д. | Црнобело