6 типови на болки поради кои мора веднаш да појдете на лекар

Болката која укажува на опасен здравствен проблем,  што сериозно ви го загрозува животот, почнува одненадеж и е исклучително силна.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-1.jpg

Ова се 6-те типови на болки не смеете да ги игнорирате:

1. Ненадејна и силна главоболкa

Доколку не страдате од мигрена и ретко имате главоболки, тогаш ненадејната и неподнослива болка во главата може да биде поради руптура на крвните садови во мозокот. Веднаш побарајте медицинска помош, за да го елиминирате сомнежот дека е во прашање опасен здравствен проблем.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-2.jpg

2. Болка во градите која се шири

Ако ненадејното чувство на болка се прошири на рамената, левата рака или вилицата, тоа може да биде еден од знаците за срцев удар.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-3.jpg

3. Болка која започнува во долниот дел на грбот и преминува на нозете

Кога е придружена со чувство на слабост или одземеност на нозете, како и губење контрола над мокрењето, тогаш упатува на т.н. синдром на коњска опашка, кој е сериозно вклештување на нервите во основата на 'рбетниот мозок.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-4.jpg

4. Постојано „боцкање“ во стапалата

Ваквите „бодежи“, проследени со чувство на трнење, спаѓаат во групата тивки знаци на дијабетес. Всушност, се работи за оштетување на нервите, кое настанува поради високото ниво на шеќер во крвта.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-5.jpg

5. Абдоминална болка која започнува во пределот на папокот

Потоа се проширува кон долниот десен дел на стомакот и е знак на воспаление на слепото црево, кое мора да се реши со итна операција. Вообичаено, болката е придружена со покачена температура и повраќање, но дури и да ги немате овие симптоми, а чувствувате болка, веднаш обратете се на лекар.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-6_copy.jpg

6. Грчевита болка во нозете

Не сте повредени, но чувствувате силна болка во нозете, особено во бедрата или потколениците? Ако е проследена со појава на црвенило и отоци, а болните места се топли на допир, тогаш постои можност да имате длабока венска тромбоза и оштетување на венската циркулација. Не ги масирајте, ниту допирајте, туку веднаш упатете се до вашиот доктор, кој ќе ве испрати на дополнителни прегледи и испитувања. Покрај венската тромбоза, проширените вени се исто така голем, а мошне чест проблем помеѓу луѓето.

6-tipa-na-bolki-poradi-koi-mora-vednash-da-pojdete-na-lekar-7.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg