Што не треба да прават жените пред одење на лекар?

Постојат две секојдневни навики кои би требало да ги избегнувате, затоа што одмагаат во поставувањето вистинска дијагноза или при упатувањето на дополнителни прегледи.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-1.jpg

Понекогаш, посетата на доктор е ненадејна и неочекувана, па невозможно е да влијаете на факторите кои го отежнуваат поставувањето дијагноза. Меѓутоа, доколку се подготвувате за систематски или специјалистички преглед, тогаш водете сметка за две важни нешта:

1. Не ги лакирајте ноктите

При прегледот, потребно е на докторите да им овозможите увид во состојбата на вашето тело, а тоа се однесува и на изгледот на поединечните надворешни делови.

Токму ноктите се важен показател за разни проблеми поврзани со здравјето, па ако ги прекриете со лак, гел или некои други средства, тие не се во можност да ја увидат нивната реална состојба.

Хоризонталните бели линии преку целата ширина на ноктите може да укажуваат на заболување на бубрезите или абнормалности на црниот дроб, а бледите нокти на анемија и недостаток на црвени крвни зрнца, односно еритроцити, поради што ќе биде потребно да направите анализа на крвта.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-2.jpg

2. Не се шминкајте

Како и ноктите, лицето исто така крие знаци за потенцијално сериозни здравствени проблеми.

Бојата на кожата на целото лице или одредени делови на лицето говори многу за состојбата на организмот.

Така, на пример, бојата на подочниците често укажува  на проблеми со бубрезите, поради што не треба да ги прекривате со дебел слој пудра.

Не ги скривајте со шминка ниту нетипичното црвенило, осипот, било какви дамки или флеки, па дури ни младежите, бидејќи се од наведеното може да му биде од помош на докторот во раното откривање на разни болести.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg