Каде да јадете сладолед?
Сончевите денови пристигнаа, времето е се потопло, па ќе почнеме да се освежуваме со сладолед. Сепак, постојат неколку совети кои е добро...
...да ги земете предвид при купувањето на ова мало слатко освежување.
Квалитетниот сладолед во кафуле или слаткарница може да го препознаете според густината, а основно правило е колку погуст – толку подобар.
Треба да внимавате и на бојата на сладоледот затоа што слаткарите додаваат бои кои може да предизвикаат алергиска реакција.
Ова се неколку правила кои треба да ги имате предвид кога купувате сладолед:
1. Ништо не препуштајте на случајност и гледајте како продавачот ракува со вашата порција. А, корнетот би требал да го држи со ракавици или во салфетка.
2. Обрнете внимание и на рацете на слаткарот или келнерот – дали се негувани или нечисти и со рани.
3. Ако продавачот зборува над сладоледот, голема е веројатноста да плукне и да рашири бацили.
4. Слика за местото од каде купувате можете да добиете ако ја погледнете облеката на оној кој ви го сервира сладоледот. Бела, чиста облека е во 90% од случаите гаранција за квалитетен сладолед.
5. Ако водата каде слаткарот ја мие лажицата за сладолед е матна, подобро не купувајте сладолед, не знаете од кога не ја променил.
6. Најдобра препорака најчесто е долгиот ред во кој луѓето чекаат за сладолед.
7. Ако површината на сладоледот е сјајна, тоа значи дека се кондензирала вода, а сладоледот неколку пати бил намокрен и повторно замрнат.
Каде вие најчесто јадете сладолед?