11 знаци дека вашиот организам е преполн со токсини
Иако ова не е секогаш очигледно на прв поглед, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека вашето тело е полно со токсини.
Знаци по кои можете да препознаете дали сте полни со токсини:
1. Се борите со вишок килограми
Ако сте пробале да се ослободите од вишокот килограми со вежбање и броење калории, но ништо не се случува, можно е токсините да ве блокираат. Многу од нив се лупофилни, што значи дека се поврзани со мастите. Токсините ги вклучуваат диоксините и бројните пестициди кои ги внесуваме преку храната. Заради ова, логично е, кога во нашето тело се насобираат токсини и невозможно е да се ослободиме од нив.
2. Необјаснив умор
Ако секоја ноќ отспивате 8 часови, но пак се будите уморни, причината може да се токсините. Високото ниво на токсини во телото претставува дополнителен стрес за организмот и ги исцрпува надбубрежните жлезди. Некои токсини може да ја нарушат функцијата на надбубрежните жлезди, а еден од нив е и кофеинот.
3. Несоница
Ако во вашето тело се наоѓа зголемена количина на токсини, нивото на кортизоли во вашето тело може да се нарушат. Кортизолот е хормон кој се ослободува за полесно да се носиме со стресот. Во нормални околности на најголемо ниво се наутро, а на најниско навечер, но таа рамнотежа ако се наруши, нивото на кортизол и навечер може да биде високо, заради што пред спиење сте полни со енергија и не може да заспиете. Несоницата може да го наруши вашето здравје, па навистина е важно да пробате да отспиете секоја ноќ осум часови, па да пробате да се навикнете на тоа порано да заминете на спиење.
4. Збунетост
Голем број од токсините влијаат на работата на вашиот мозок, а меѓу нив се аспартамот и моносодиум глутаматот(MSG). Поради нив може да се чувствувате збунето,па добро е целосно да ги исфрлите од исхраната. Аспартанот може да се најде во различни видови на пијалаци и благо без шеќер, диетална храна и паста за заби, додека MSG се наоѓа во процесираната храна.
5. Необјасниви главоболки
Ако редовно ве боли глава без некоја посебна причина, можно е нивото на токсини во вашето тело да е превисоко. Главоболките исто така, ги предизвикуваат MSG и аспартамот, но и тешките метали, вештачките бои и конзервансите.
6. Промени во расположението
И ова исто така може да значи дека хормоните ви се надвор од рамнотежа. Некои токсини како ксеноестерогенот причинуваат нарушување во балансот на хормоните. За да ја намалите внесената количина на ксеноестерогенот, добро е да избегнувате пластика.
7. Мириси
Ако имате лош здив или гасови, можно е вашиот црн дроб и вашите црева да имаат проблем со елиминирањето на токсини од телото.
8. Запек
Многу е важно да ги исфрлате отпадните состојки од телото секој ден, во спротивно токсините се апсорбираат назад во телото, преку цревата. Пијте повеќе вода и зголемете го внесувањето на хранливи влакна во телото.
9. Болки во мускулите
Ако чувствувате необјасниви болки во мускулите, исто така причина може да се токсините. Некои од токсините ги стимулираат рецепторите за болка во мускулите, што доведува до грчеви и болки.
10. Проблеми со кожата
Вашиот црн дроб би требало да ги елиминира најголем дел од токсините на кои сте изложени, но во случај на преголема количина на токсини, ова се манифестира на кожата и може да доведе до акни, осипи и чирови.
11. Чувствителност на мириси
Ако силно чувствувате различни мириси, можно е тоа да е поради токсините во вашето тело. Таа чувствителност може да доведе до главоболка и мачнини.
E. J. | Црнобело