Како да ја дезинфицирате четката за заби, со една состојка?
Дали сте знаеле дека само по едно користење на четката за заби, на неа се лепат илјадници бактерии?
Повеќето луѓе сметаат дека нема потреба да ја дезинфицираат четката за заби, бидејќи секојдневно ја користат и мијат со вода и паста.
Но, бидејќи сите ја чуваме четката во тоалетот, а тоалетот е извор на милион бактерии, покрај редовната замена (што за стоматолозите значи на 3 месеци), важно е да правите и дезинфекција.
Потребен ви е само алкохолен оцет.
Ставете го оцетот во стаклена чаша или шише и ставете ја четката во течноста. Оставете ја четката така 15 до 30 минути.
Потоа само исплакнете и користете ја четката како и обично.
На овој начин ќе спречите голем број на бактерии и вируси кои се префрлаат од четката во устата.
М. Д. | Црнобело