6 типови на главоболки: Местото на болката открива кои се причините и како да се излечите
Пронајдете го типот на главоболка што ве прогонува и елиминирајте ги причините и симптомите.
Причините за главоболка не е лесно секогаш да се детектираат, особено кога се во прашање дехидратацијата или недостатокот од сон што може да бидат главните виновници зошто чувствувате како да ви удираат чекани по главата. Сепак понекогаш и не можеме потполно да сме сигурни зошто нè боли.
Зад главоболките се кријат сериозни заболувања како што е високиот крвен притисок, крварењето во глава или тумор.
Главоболките се разликуваат од местото на болката, а ова се најчестите:
Се јавуваат на половина од главатаМногу е напорна и трае до 72 часа, но не е опасна. Болката пулсира од умерен до јак интензитет. Понекогаш може да биде причинител за мачнина како и пречувствителност на светло и на бучава. Потребно е да земете едно апче против болки, веднаш кога ќе ги почувствувате првите симптоми, како и да мирувате во затемнета и тивка просторија. |
|
Кружна болка преку челото и околу целата главаКај овие главоболки имате впечаток како некој да ве стега со обрач. Интензитетот е умерен, а најчесто се јавува од стрес. Најдобриот лек е да ги затворите очите и малку да се одморите, а доколку имате повеќе време и да отспиете половина час.
-->
-->
|
|
Капакот ви е отечен и на таа страна од лицето чувствувате болкаЗа жал оваа главоболка знае да биде јака и може да трае и до цел месец. Се јавува во одредено време на годината, а пропратена е со затнат нос, црвенило на окото и отечен капак. За разлика од претходно наведените главоболки, овде помага зголемената раздвиженост, а не мирување.
-->
|
|
Болка по должина на челотоНајверојатно се работи за главоболка што е предизвикана од воспаление на синусите. Најдобрата помош е туширање со топла вода и инхалации. |
|
Болка на задниот дел од вратот и теметоВоглавно се јавува за време на долго седење или евентуални проблеми со кичмата и вратот. Направите неколку благи движења за да го раздвижите вратот, станете и протегнете се. Болка по должина на челото Најверојатно се работи за главоболка што е предизвикана од воспаление на синусите. Најдобрата помош е туширање со топла вода и инхалации.
-->
|
|
Болка на слепоочнициНеретко оваа болка е пропатена со болки во ушите како и потешкотии при отворање и затворање на устата (може да слушате и крцкање на вилицата). Обидете се со апче против главоболки, но доколку не ви помогне би било добро да се обратите на доктор. |