Тајната за секси стомак
Колку повеќе се приближува летото, се почесто размислуваме како ќе изгледаме на плажа. Сите знаеме дека тоа е идеално време да се...
...импресионираат девојките, но дали ќе имте што да покажете?
Ако сакате да се ослободите од неколку кила и да направите “чоколаден“ стомак, придржувајте се до следниве правила.
1. Јадете почесто во текот на денот. Идеално би било 4 до 6 оброци на ден. Тоа вклучува 3 главни јадења. Така го подобрувате метаболизмот и согорувате повеќе калории.
2. Во секое јадење обидете се да внесете протеини. Кога консумираме повеќе протеини, го поттикнуваме метаболизмот. Некои од добри избори на протеини се: Пилешки гради, говедско месо, лосос, свежо сирење, јогурт.
3. Јадете зеленчук со барем 3 од оброците во текот на денот. Не е богато со калории, но содржи големи количини важни витамини, минерали и влакна. Ќе ве заштити од прејадување.
4. Дозволете си и некои здрави маснотии при секое јадење. Јадете маснотии – за да ги согорите маснотиите. Извор на вакви здрави маснотии се: риба, ореви, бадеми, маслиново масло, авокадо.
5. Пијте многу вода! И водата го поттикнува метаболизмот. Хидратизирано тело е метаболички поактивно.
И секако...Вежбајте активно!